Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко
Агропрогноза

Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко

Објавено 09/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко, за МИА потврдија од подрачните единици на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, во Кавадарци и Неготино.

Оттаму појаснија дека утринава температурата паднала околу минус пет степени и дека првичните согледувања се дека штети има кај овошките на пониските места, покрај Вардар и Црна Река.

-Дополнителните проверки на терен ќе ја дадат вистинската состојба околу тоа кои микролокации претрпеле штети и колкав е процентот на мрзнење од ниска пролетна утринска температура, рече Драган Николов, советник во кавадаречката подрачна единица.

Тој нагласи дека некои од овоштарите, во обид да го спасат годинашниов род, палеле огнови од органски отпад околу овошните насади, со цел да спречат мрзнење на папките кај овошните дрвца. Но, за разлика од организираноста во овој поглед во други држави, овде сè уште се работело за изолирани случаи и не многу раширена пракса за заштита.

Николов додаде дека увидот на лице место ќе покаже исто така дали има штети и кај некои од винските сорти грозје, како ,,смедеревка“ и ,,шардоне“, кои порано ја почнале вегетацијата. Тој им препорача на лозарите кои имаат вакви и слични сорти, вообичаено подоцна да ја вршат резидбата, за да ги избегнат штетите од доцните пролетни мразеви.

Раководителот на подрачната единица во Неготино, Ѓорѓи Ајтов исто така рече дека теренската анализа ќе го покаже степенот на оштетеност кај овошките, како последица на ниските пролетни утрински температури.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Таг:лозјештети
Претходен напис Декоративна грмушка што ја поттикнува љубовта: Вака правилно се сади и се размножува јасмин!
Следен напис ДИЖС: Нова кривична пријава за палење трски и насипување шут на струшкото крајбрежје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?