Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бесими: Компаниите имаат можност до 15 април да аплицираат за поддршка на платите за февруари и март
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бесими: Компаниите имаат можност до 15 април да аплицираат за поддршка на платите за февруари и март
Агровести

Бесими: Компаниите имаат можност до 15 април да аплицираат за поддршка на платите за февруари и март

Објавено 08/04/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Веќе почна да се гласа за законите од четвртиот и од петтиот сет на економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните од пандемијата со коронавирусот, а со амандманско решение на компаниите им се дава можност до 15 април да аплицираат за мерката за поддршка на платите на вработените за февруари и за март, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

– Со цел да се намалат административните постапки во однос на реализација на мерката, сега фирмите може да аплицираат со една апликација за двата месеца. Со тоа сметаме дека ќе може да се реализира мерката затоа што институциите и УЈП се спремни за да ја реализираат веднаш откако ќе биде донесена од Собранието, рече Бесими во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. За тврдењето на опозицијата дека власта ги зголемила акцизите на нафтените деривати за да го полни Буџетот, Бесими рече дека акцизните стоки се само еден дел од буџетските приходи.

– Реализацијата на Буџетот не се заснова само на акцизните стоки, туку генерално во сите ставки на страната на приходите на Буџетот и кај сите даноци и кај придонесите, вклучително на тоа и увозните давачки и акцизите, прецизира Бесими.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бесимипомош
Претходен напис Кората од портокал е природен извор на минерали и витамини
Следен напис Времето денеска сончево и потопло со слаб ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?