Србија утрово ја разбудија скоро неверојатни глетки, кои многу повеќе потсетуваат на декември отколку на оној „април во Белград“ опеан во песните.
Ова не е прв пат во Белград да падне снег во април. Но е навистина ретка појава снегот да ги покрие пролетните цветови, затоа што април генерално е сув и сончев месец.
Најдоцниот снег забележан во Белград во последните стотина години паднал на 11 мај во 1953 година. Просечниот датум за последен снег во Белград е 21 март. На годишно ниво Белград во просек е околу 39 дена под снежна покривка.
Максимален број денови под снежна покривка е забележан во 1940 годинак. Тогаш Белград под снег бил цели 98 дена, пишува Новости.
Погледнете како изгледа Белград и неговата околина денес.
(Фото) Бел април во Белград
Остави коментар
Остави коментар
