Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од денеска почнува аплицирањето за земјоделски субвенции за 2021 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Од денеска почнува аплицирањето за земјоделски субвенции за 2021 година
Јавни огласи и повици

Од денеска почнува аплицирањето за земјоделски субвенции за 2021 година

Објавено 05/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денеска почнува аплицирањето за добивање на финансиска поддршка во земјоделството. Крајниот рок за доставување барања е 31 мај 2021 година. Сите заинтересирани, апликациите можат да ги поднесат електронски со пристапување на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, односно на www.ipardpa.gov.mk во делот е-барање.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека барањата за мерките за растително производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Барањата пак за сточарско производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во ФАРМ регистарот со состојба на денот на поднесување на барањето.

„Апелирам до сите земјоделци, пред да поднесат барања за субвенции да ги ажурираат податоците со цел да имаат точни и целосни информации во сите системи од каде Агенцијата ги презема податоците, а кои се еден важен сегмент за стекнување на право за добивање на субвенции. Потоа може преку пристапувње на веб-страницата на АФПЗРР, електронски да поднесат барања за субвенции со регистрација во системот, со клик на банерот „директни плакања“ – е-барање. Електронското барање од годинава е со нов модерен изглед врз база на ново софтверско решение кое ги има сите функционалности што се потребни за поднесување на апликацијата за единствено барање. Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања, или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во Подрачните единици на МЗШВ.“ – истакна Бачовски.

Директорот Бачовски појасни дека по електронското поднесување на барањето, апликантите треба да отпечатат 2 примерока и истите да ги потпишат своерачно, по што еден примерок треба да достават до АФПЗРР. Оние апликанти кои ќе побараат помош од вработените во Подрачните, пред да ги потпишат барањата да проверат дали сите податоци и култури им се точно внесени.

Доколку апликантите утврдат дека при поднесување на барањето направиле пропуст, впишале погрешни податоци или констатирале дека имаат потреба од измена заради несоодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да го изменат во рок од 30 дена од денот на поднесување на истото. Бачовски, апелираше до сите апликанти кои ќе побараат поддршка и помош од вработените во Подрачните единици да ги почитуваат мерките за заштита од „COVD19“

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Таг:субвенции
Претходен напис (Фото) Генијално и исплатливо – Од стари автобуси прави стаклени оранжерии
Следен напис Бачовски: Тутунопроизводителите субвенции ќе земат во мај месец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?