Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За неполна година регистрирани над 40 семејни винарии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За неполна година регистрирани над 40 семејни винарии
Агровести

За неполна година регистрирани над 40 семејни винарии

Објавено 02/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќе од 40 мини винарии како мали семејни бизниси се регистрирани за неполна година. Освен во Тиквешко, како познат вински регион, мали винарии се регистрирани и во Прилеп, Битола, Скопје, Куманово.

Како што вели за МИА претседателот на Здружението „Тиквешки семејни винарии“, Горан Јаковлевски, во услови на КОВИД-пандемија, кога раздвиженоста на странски туристи е речиси минимална, се зголемува интересот за домашниот вински туризам и за посета на винариите.

-Се охрабривме да се регистрираме откако имаше законски олеснувања и создавање можности за излез на пазарот со сопствени производи од грозје во домашни услови. Но, освен нас, производителите на вино, ракија и жестоки пијалоци, во мини винарии, чии производи слободно можат да се најдат на сечија трпеза, во промет во продавници и угостителски објекти, се регистрираа и оние кои индивидуално се занимаваат со традиционално производство на маџун и ракија и можат да продаваат од куќен праг – истакнува Јаковлевски.

Секоја винарија, додава, има своја приказна, а кога доаѓаат гости да ја слушнат, максимално се почитуваат превентивните мерки за заштита од КОВИД.

-Доаѓаат домашни гости, се организираат дегустации. При еднодневна посета се дегустира во најмалку три различни винарии, но може и во пет. Се пробуваат најмалку шест различни вина, а на мени се и домашни ракија и вињак. Гостите се засладуваат и со маџун и рвенија, традиционално благо со маџун. За да не се дегустира на „голо“, имаме понуда од храна која оди со нашите вина и ракии. За домашните вински туристи главно сирења и кашкавали, домашен пинџур и слатко. За странците е интересно да пробаат македонски специјалитети како сукан баник, тие обично сакаат да учествуваат во подготовката на таквите ексклузивитети од поднебјето – открива Јаковлевски.

Претседателот на „Тиквешки семејни винарии“ вели и дека веќе има интерес и од домашните туристички агенции, па одделни тур-оператори во своите понуди го вклучиле и винскиот туризам, нудат вински тури. Се нудат еднодневни, но и дводневни викенд тури низ семејни винарии во Кавадарци и Неготино. Се посетуваат винарниците, се дегустира во соби за дегустација, а можно е и ноќевање.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винариигоран јаковлевски
Претходен напис Промена на времето – претпладне сончево со мала облачност, попладне дожд и грмежи
Следен напис (Фото) Кучињата во „Лајка“ уживаа во првоаприлскиот маскенбал
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?