Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Градоначалникот на Крушево, Христовски со апел до компаниите кои откупуваат тутун!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Градоначалникот на Крушево, Христовски со апел до компаниите кои откупуваат тутун!
Агровести

Градоначалникот на Крушево, Христовски со апел до компаниите кои откупуваат тутун!

Објавено 30/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почитувани,

Многу сограѓани тутунопроизводители од општина Крушево се’ уште не можат да го пласираат произведениот тутун и со тоа да обезбедат егзистенција за себе и семејството, ниту пак да обезбедат нови договори. Постојано комуницирам со овие сограѓани и се обидуваме да го надминеме проблемот.

Засега, соработката со една компанија тече одлично, но за откуп на преостанатите количини на тутун и да се потпишуваат договори потребно е да се прошири соработката и со останати компании.

За таа цел, испративме барање до неколку компании за производство и преработка на тутун со апел да го откупат тутунот на производителите и со тоа фирмите да добијат квалитетен производ, а граѓаните да обезбедат егзистенција.Многу граѓани во изминатиот период изразија незадоволство до мене како градоначалник во однос на неоткупениот тутун и оттука упатив апел до тутунските компании за да се откупи тутунот и со тоа да го заштитиме заедничкиот интерес.

Незадоволството се изразува и во однос на несклучување договори и многу сограѓани се’ уште немаат договор и врз основа на истиот наредната година да можат да го пласираат својот производ.

И ова јавно соопштение нека биде уште еден апел преостанатиот тутун да се откупи и со тоа компаниите да добијат квалитетен производ, а производителите да ја обезбедат својата егзистенција, како и компаниите да склучуваат договори со тутунопроизводителите.

Фејсбук статус на Томе Христоски, градоначалник на Општина Крушево.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градоначалниктутун
Претходен напис Се подготвуваат субвенциите за овоштарите, потоа пари ќе земат тутунарите, а следни сточарите
Следен напис ЈАВЕН ПОВИК за давење на дивечот во ловиштата на користење по пат на Концесија во ловниот реон Куманово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?