Црна убавица е сорта на патлиџан која се појави пред неколку години. Оригиналното име и е „Black beauty“ (Црна убавица).
Сортата е произведена од страна на познатиот производител на органски домат Бред Гејтс кој со повеќегодишно вкрстување и селектирање ја добил оваа прекрасна сорта. Тоа е најтемниот домат кој постои во светот.
Иако во називот има име „црна“ се работи за „антхо“, односно сорта која во кожичката содржи зголемена количина на антоцијанин, која на плодот му дава индиго/темно сина боја. Секој домат има одредена количина од овие флавоноиди, но кај синиот/индиго домат експресијата на гените одговорни за нивно синтетизирање е многу изразена.
Освен што дава сина боја на многу овошја и зеленчуци (го има многу во боровинките, малините, капините), се смета и за силен антиоксиданс.
Стабилна сорта, релативно роден патлиџан, кај кој индиго бојата е многу изразена – во идеални услови е комплетно индиго обоен, освен можеби самото дно на плодот. Но освен изгледот, оваа сорта ја краси и изгледот на стеблото (кое исто така има малку индиго боја во стеблото и листовите), како и посебниот вкус.
Се смета за највкусен модар патлиџан на светот.
Сеидбата почнува од февруари до крајот на април. Доколку се одгледува во стакленик неопходно е вештачко опрашување.
Семето се сее во топли леи или во контејнери во компост. Компостот за сеење претставува смеса од супстрат на тресет, песок или прегорено арско ѓубре. Семето се покрива со 1,5 – 2 см компост. Топлите леи или контејнери се покриваат со фолија сè додека семето не почне да никнува и после тоа се отстранува. Се пикира после 20 дена од никнувањето.
Погоден е за сушни подрачја со долги сончеви периоди.
