Градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов денес оствари средба со Халим Омер Согут – програмски координатор на Турската агенција за соработка и координација ТИКА.
На средбата се разговараше за интензивирање на соработката помеѓу Општина Радовиш и ТИКА. Во таа насока, беше изразена подготвеност до крајот на месец јули да се изгради нов парк во Радовиш.
Господинот Халим Омер Согут беше запознаен со тековните проекти кои Општината ги реализира во турските населени места, соопштуваат од Оптшина Радовиш.
Од страна на градоначалникот Конзулов беше изразена благодарност за досегашната соработка со ТИКА и надеж за реализација на нови проекти во иднина.
Во Радовиш ќе се изгради нов парк во соработка со турската агенција ТИКА
Остави коментар
Остави коментар
