ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со Фудбалската федерација на Република Северна Македонија започна со реализација на активности за инсталирање на современ систем за автоматско наводнување на градскиот стадион „Билјанини извори“.

Според планираното, ќе бидат инсталирани 33 прскалки со сонда за наводнување на почвата. Новиот систем ќе придонесе за значително подобрување на квалитетот на фудбалскиот терен и ќе ја намали потрошувачката на вода.

Поради непречено одвивање на работните активности, стадионот ќе биде затворен за користење до 3 април 2021.

Од Управата на ЈП „Билјанини извори” изразуваат задоволство за поддршката од ФФМ, истанувајќи дека новиот систем за наводнување ќе придонесе кон зголемување на квалитетот на самиот фудбалски терен и за намалување на потрошувачката на вода.

