Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Фискален бројач“ – нова алатка за транспарентност на Министерството за финансии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Фискален бројач“ – нова алатка за транспарентност на Министерството за финансии
Агровести

„Фискален бројач“ – нова алатка за транспарентност на Министерството за финансии

Објавено 15/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Ministerstvo za finansii
Сподели
Ad imageAd image

„Фискалниот бројач“ е новата алатка за транспарентност на Министерството за финансии со високофреквентни податоци, која на дневна основа ги прикажува приходите, расходите во буџетот и извршувањето на капиталните расходи, додека на месечна основа го прикажува државниот долг, соопшти Министерството за финансии.

Целта на оваа алатка, објавена на веб-страницата на Министерството, како што се додава во соопштението, е понатамошнa отвореност на буџетот кон јавноста, за да се постигне уште повисоко ниво на фискална транспарентност.

-Фискалната транспарентност е највисокиот степен на контрола на јавните финансии, бидејќи на располагање се ставаат информации кои креираат јавно мислење, кое пак има висок степен на корективна моќ. Креирањето на подобар систем на јавни финансии се состои, меѓу другото, и од постојани активности во насока на подигнување на фискалната транспаретност. „Фискалниот бројач” е алатка која придонесува во оваа насока. Таа на дневна основа го прикажува полнењето на државната каса, како и расходната страна на буџетот, односно кумулативот од почетокот на годината до конкретниот датум на објава, како и степенот на реализација во однос на планот. Исто така, алатката дава високофреквентни податоци за извршување на капиталните расходи и на тој начин прави притисок на сите институции за подобра реализација. Бројачот дава можност и за следење на државниот долг на месечна основа – податок кој досега се објавуваше на квартално ниво. Сумарно, со оваа алатка се обезбедуваат високофреквентни податоци кои претходно не и биле достапни на јавноста, а со цел подобар увид во полнењето и трошењето на средствата од државната каса, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во соопштението Министерството најавува дека наскоро ќе излезе и со нова алатка која ќе креира поголема предвидливост во деловното окружување од аспект на законската даночна регулатива – ќе биде објавен Даночен календар, односно план на законски измени во даночната регулатива, идеја која произлегла од континуираниот дијалог со коморите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:министерство за финансиифискален бројач
Претходен напис Завршува обврската за носење на зимска опрема во возилата
Следен напис Запленетите 4,5 тони путер со изминат рок денеска ќе бидат уништени на Дрисла
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?