Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Новина во ажурирање на податоците во МЗШВ: Наместо до 15 март, се продолжува до крајниот рок за аплицирање за субвенции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Новина во ажурирање на податоците во МЗШВ: Наместо до 15 март, се продолжува до крајниот рок за аплицирање за субвенции
Агровести

Новина во ажурирање на податоците во МЗШВ: Наместо до 15 март, се продолжува до крајниот рок за аплицирање за субвенции

Објавено 09/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со измена на програмата за директни плаќања во земјоделството усвоена на денешната владина седница, рокот за ажурирање на податоците на земјоделските стопанства наместо до 15 март се продолжува до крајниот рок за аплицирање за субвенции.

Ова значи дека сите земјоделци кои досега не ги ажурирале податоците, ќе имаат можност тоа да го сторат до истекот на крајниот рок за аплицирање за субвенции.

Доколку почнувате да се занимавате со земјоделско производство, за да може да станете корисник на финансиска поддршка за субвенции и мерките од рурален развој, прво што треба да направите е да се запишете во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).

Тоа значи дека треба да отидете во подрачната единица на министерството за земјоделство, во местото на живеење евидентирано во личната карт, за да се запишете во ЕРЗС.

Барање за упис може да се поднесе секој работен во текот на годината. Образецот – барање како и листата на потребни документи се подигаат во подрачната единица на министерството каде и ќе ви помогнат околу целата постапка.

На овој начин, вие влегувате во систем како земјоделско стопанство и исполнувате еден од условите да станете корисник на субвенции и мерките од програмата за рурален развој.

Останува да ги следите и запазите роковите за пријавување за финансиска поддршка кои редовно ги соопштува Платежната агенција, а информации можете да добиете и во подрачните канцеларии на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На Агротим ќе ги имате сите информации поврзани со пријавувањето на субвенциите и аплицирањето за мерки од Програмата за Рурален развој и ИПАРД.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ажурирањемзшвроксубвенции
Претходен напис Собранието ги усвои измените на Законот за тутун, рокот за откуп на оваа реколта се пролонгира до 31 март
Следен напис Времето денеска облачно со дожд, а на повисоките места повремен снег
1 коментар 1 коментар
  • Goran напиша:
    на 09/03/2021 г. во 21:52 часот

    Za lesnik koga subvencii?

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?