Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како да му ја одржите свежината на ѓумбирот?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Како да му ја одржите свежината на ѓумбирот?
Магазин

Како да му ја одржите свежината на ѓумбирот?

Објавено 28/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ѓумбирот е едногодишна тропска зачинска билка. Овој корен е карактеристичен по лутиот вкус и важи за специфичен зачин или додаток во јадењата, кој се става во супи, салати, главни јадења, варива, но и во алкохолни напитоци.

Најмногу (30 до 40% од светското производство) се одгледува во Индија, на околу 63.000 ха со просечен принос од 3 т/ха. За лична употреба е можно да се одгледува во сопствената градина или во саксија на балконот.

Цветовите на ѓумбирот се со бела, жолта или розева боја, во зависност од видот.

Ѓумбирот содржи состојки кои го забрзуваат метаболизмот, силен оксиданс е и одличен за детоксикација на организмот.

Иако нема никакво штетно делување, не се препорачува да се консумира повеќе од 5 грама дневно.

Покрај тоа што има уникатен мирис и вкус, коренот од ѓумбир важи и за едно од најлековитите растенија во природата. Карактеристичен е по лутиот вкус и важи за специфичен зачин или додаток во јадењата, кој се става во супи, салати, главни јадења, варива, но и во алкохолни напитоци.

Освен што ќе го подобри вкусот, тој многу ќе помогне и во зајакнувањето на имунитетот.

Иако е достапен во продавниците за храна и на зелените пазари, доколку сакате да се обидете, многу лесно можете да го одгледате и самите.

Како да му ја зачувате свежината?

Доколку на пазар и во продавница непланирано сте купиле поголемо количество ѓумбир, најверојатно сте во дилема како правилно да го чувате и складирате, а притоа храната да не ја изгуби свежината, лековитоста и вкусот.

Свежиот ѓумбир можете да го чувате во фрижидерот, но најмногу пет дена. Единствено на што треба да внимавате во тој период е ѓумбирот да биде складиран заедно со лушпата.

Можете да го исушите

Најздрава варијанта за чување на ѓумбирот е да го исушите. Оваа постапка е многу брза и едноставна.

Коренот треба внимателно да го излупите, да го исечете на тенки крукчиња и да го наредите во тава за печење. Вака подготвениот ѓумбир ставете го во претходно загреана рерна на 50 степени да се суши околу два часа.

Откако ќе поминат двата часа, исклучете ја рерната и оставете го ѓумбирот внатре да се суши додека рерната комплетно не се излади.

Кога ѓумбирот ќе се излади, складирајте го во стаклени тегли, кои цело време ќе бидат затворени.

Во замрзнувач

Како најлесна и наједноставна варијанта за чување и за складирање на ѓумбирот е коренот на растението да се чува во замрзнувач.

На тој начин, може да стои околу осум месеци.

Сепак, пред да го складирате ѓумбирот, препорачливо е да го излупите и да го исечкате на тенки ленти или на ситни коцки.

Пред употреба, вадете од замрзнувачот само онолку ѓумбир колку што ви е потребно за подготовка на посакуваниот рецепт.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:ѓумбир
Претходен напис Правењето врвна ракија е традиција и пасија за семејството Плетварски од Кавадарци: „Насмевката после дегустацијата е најголемата награда“
Следен напис Зголемено нивото на Дојранското Езеро, повеќе реки под просекот за декември
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?