Вечерва Државниот инспекторат за земјоделство заедно со МВР реализираа заедничка акција во водите на Преспанското езеро. Притоа, беа запленети околу 600 м рибарски мрежи и 58 парчиња на риба крап – информира директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ.
Тој објаснува дека согласно процедурите рибата се предава во Агенција за управување со одземен имот и потоа се дистрибуира од нивна страна по болници, казнено воспитни установи и др јавни институции. Тоа се прави со риби кои не можат да се вратат во езерото. Доколку постојат услови одредена риба да се врати во водата се враќа во езерото и тоа се фотографира.

