Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лутите пиперки и зимската зелка од Струмичко се извезуваат во Србија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лутите пиперки и зимската зелка од Струмичко се извезуваат во Србија
Агровести

Лутите пиперки и зимската зелка од Струмичко се извезуваат во Србија

Објавено 02/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Деновиве почна откупот на лутите пиперки кои најмногу се извезуваат на пазарот во Србија, а дел завршува и на домашниот.

Според производителите, од почетокот на овој месец почнува интензивната берба на лутите пиперки, кои најмногу се засадени под пластеници и фолии во Струмичко Банско.

-Задоволни сме од откупната цена, која се движи од 3,5 до 4 денари за парче. Како што стасува производството, така расте и интересот на трговците. Откупуваат и наши и трговци од Србија, а повеќето производители имаат склучено договори пред почетокот на сезоната. Се надевам дека овие откупни цени ќе останат и понатаму, иако може да се случи кон крајот на март цената да падне, бидејќи тогаш е екот на бербата, вели Даме Тренчовски, производител на лути пиперки од селото Банско.

Трговците додаваат дека во овој период освен за лутата пиперка има интерес и за зимската зелка, која исто така се пласира на српскиот пазар.

-Зелката се откупува по цена од 8 до 10 денари за килограм. Засега најмногу интерес за неа има од Србија. Добро е што е така, бидејќи таа се извезува заедно со лутите пиперки и за трговците е добро кога има да понудат уште една култура на почетокот на сезоната, рече Благој Витанов, трговец од Струмица.

Благодарение на затоплувањето на пластениците со топла вода од термалните извори во близина на селото Банско, производството на лути пиперки стасува порано и е поисплатливо од другите начини на раноградинарско производство за кои се користат други извори на затоплување.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зелкаизвозпиперки
Претходен напис Компаниите може да аплицираат за февруарска помош за плати цел март
Следен напис БДП за четвртото тримесечје од 2020 година е -0,7%, во групата земјоделство, шумарство и рибарство пораст за 1,7%
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?