Секогаш кога аналитичарите очекуваат дека цените на житарките ќе почнат да паѓаат се случува токму спротивното. Како што пишува agrarheute, се верува дека главните причини за тоа се големата побарувачка од Кина, руските царини, јужноамериканската Ла Нина, пропаѓање на посевите поради студениот бран во САД , штетите од студот во Русија но и ковид-кризата поради која сите сакаат да си ги обезбедат залихите.
Цени на терминскиот пазар во Париз пораснале на највисоко ниво во последниве неколку години. Со европска пченица се тргувало за 245 евра по тон, а таков износ не е забележан уште од јуни 2013 година. Пораснала и цената за новата жетва и тоа на 203 евра по тон, пренесува allaboutfeed.
Кај маслодајната репка е забележан најголем скок, на дури 485 евра. Со тоа репката го достигнала нивото кое последен пат е забележено во октомври 2012 година. Во Канада цените за оваа култура достигнале максимум бидејќи на пазарот ја нема шест месеци пред новата жетва.
Европските цени на пченката скокнале на 230 евра по тон, а таква вредност последен пат е забележена во февруари 2013 година. Пораснале и цените за соја, пченица и пченка на терминскиот пазар во Чикаго, но во помали размери.
Украина увезува соја, а во Бразил има проблем со пченката
Според аналитичарите, растот на цената на пазарот со маслодајни култури уште повеќе ја поттикнува побарувачката, бидејќи сите сакаат да осигураат залихи пред бројките дополнително да пораснат. И пченката го продолжува трендот за пораст, бидејќи дождовите ја одложија бербата на соја во Бразил и со тоа ја пролонгираа сеидбата на пченка за втората берба.
На пазарот влијаат и останатите суровини како што е нафтата. Ако нејзината цена продолжи да расте, тоа ќе влиаје и на житарките и на маслодајните култури.
Треба да се напомене и тоа дека цената на сојата се качила на највисоко ниво во последните шест и пол години. Имено, Украина која е познат извозник на оваа полјоделска култура, за прв пат оваа година ја увезува. Како што известуваат трговците, бразилските земји на Украина ќа и обезбедат 51.600 тони.
Обилните дождови овој месец ја попречија жетвата на оваа култура во Бразил, а отежната е и седибата на пченката. И покрај тоа, аналитичарите сметаат дека Бразил оваа сезона би можел да има рекордна жетва од 108,2 милиони тони бидејќи земјоделците масовно го зголемуваат нејзиното производство поради високите цени на пазарот. Според нив, површината засеана со пченка би можела да се зголеми за околу еден милион хектари – на 19, 4 милион хектари.
Извор: Агроклуб.рс
