Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денеска во Ресен доделени седум договори преку ИПАРД програмата за набавка на приклучна земјоделска механизација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Денеска во Ресен доделени седум договори преку ИПАРД програмата за набавка на приклучна земјоделска механизација
Агровести

Денеска во Ресен доделени седум договори преку ИПАРД програмата за набавка на приклучна земјоделска механизација

Објавено 01/03/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директороти на Агенцијата на финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, и градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, во Големата сала на Општина Ресен, свечено  доделија седум договори за набавка на приклучна земјоделска механизација. Средствата се обезбедени преку ИПАРД програмата.

Вредноста на набавката изнесува 65.000 евра прифатливи трошоци за инвестиции за набавка на атомизери, косачка, ножици за режење, фрези, платформи со хидраулично подигање, тањирачи, приколици со агробар,еко боксови за скалдирање на овошје, електричен стакер и друга механизација која на земјоделците ќе им го олесни и ќе го осовремени производството. За сите седум договори вредноста на кофиннсирањето од Ипард фондот, изнесува 70 отсто од прифатливите трошоци, што претставува голема помош за земјоделците да инвестираат и да го унапредуваат своето земјоделско производство.

„Земјоделското производство е благородна работа. Од подготовка на почвата, сеење на семето, преку сите потребни агротехнички мерки, наводнување, заштита, прихрана, берба…Земјоделското производство е повеќе од само професија. Тоа е начин на живот, најчесто на целото семејство. Токму затоа, ценејќи го вашиот труд и вреднувајќи го вашиот ангажман во производството на храна, државата прави напори да ви помогне во производството, за вие да имате поголема и сигурна заработка. Тоа најдобро се прави со модернизирање на производството, со што ќе ви се олесни работата, а ќе имате повисоки и поквалитетни приноси од земјоделските култури. Денеска јас се радувам заедно со вас, затоа што работата ми дозволила да бидам дел од нечија успешна земјоделска приказна. Знам дека ја имате големата слика за македонскoто земјоделство, а тоа е модерно, конкуретно производство што се стреми кон ЕУ. Ова е само почеток на поддршката што ви ја дава државата. Наша цел е Заедничката земјоделска европска политика каде што поддршката за агрокомплексот се брои во стотици милиони евра“ изјави министерот Хоџа.

Искористеноста на ИПАРД фондовите, последниве години е во постојан пораст, а тоа придонесе Република Северна Македонија да биде лидер во регионот по реализација на овие ЕУ фондови.

„Ресен е одличен пример кога станува збор за искористување на средствата од ИПАРД, затоа што освен овие 7 договори преку ИПАРД 2 се одобрени вкупно 260 проекти по трите мерки со вкупна вредност од 282,319,311 или близу 4,6 милиони евра. Тоа се сериозни средства кои се вложени во домашниот агро сектор за инвестиции во модернизација на земјоделските стопанства, за модернизација на постојните или отворање на нови производни капацитети и кои на домашното произведено овошје и зеленчук му даваат додадена вредност. Со помош на  средствата од ИПАРД 2 програмата сериозно го модернизираме домашното земјоделство, ги намалуваме производните трошоци, но, и работните часови на нива, а домашното производство станува поконкурентно“ изјави Бачовски.

Градоначалникот на Општиба Ресен, Живко Гошаревски, се заблагодари на поддршката која ресенскиот регион ја добива за развој на земјоделството, пред се на овоштарството. Тој искажа задоволство од досега постигнатите резулатати и добрата соработка на релација централна и локална власт. На земјоделците им порача да продолжат да инвестираат и да ги развиваат своите агробизниси, да аплицираат и понатаму и и да ги користат средствата од овие ЕУ фондови, како и сите други фондови од програмите на МЗШВ. Тој истакна дека со ваквата поддршка се овозможува развој на општината, а со подобрувањето на условите се мотивираат младите да работат и тука да ја градат својата иднина.

Министерот Хоџа им честиташе на земјоделците и им посака  успех. Тој истакна дека ваквите примери треба да послужат како мотивација за други земјоделци и агробизнисмени да аплицираат и да ги користат средствата од ИПАРД. Ваквите примери на инвестиции во земјоделското производство се најдобриот показател дека европските фондови се достижни за секого и за секоја идеја за развој.

МЗШВ заедно со Владата на Република Северна Македонија ќе продолжат и понатаму да креираат мерки за развој на земјоделскиот сектор. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АФПЗРРдоговориИпардмзшвРесен
Претходен напис АХВ: Се интензивира соработката на РСМ и САД и на полето на безбедноста на храната
Следен напис Поскапуваат бензините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?