Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ планира појасно да го означува потеклото на прехранбените производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ планира појасно да го означува потеклото на прехранбените производи
Агровести

ЕУ планира појасно да го означува потеклото на прехранбените производи

Објавено 24/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската Унија планира да воведе промени во начинот на обележување на потеклото на прехранбените производи со цел, овие информации да станат потранспарентни и да можат потрошувачите подетално да се информираат за одреден производ.

Европратениците во Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент вчера разговараа за предлогот, кој е дел од стратегијата на ЕУ „Од поле до маса“ и рекоа дека квалитетот на храната, подолго време е препуштен на интересите на пазарот, а на штета на квалитетот на храната, потрошувачите и животната средина.

Своето мислење го искажаа и хрватските пратеници Билјана Борзан и Томислав Сокол, кои се известувачи на нивните пратенички групи во комитетот за оваа стратегија – социјалдемократите и народот.

Борзан истакна дека стратегијата ќе донесе значителни промени во начинот на обележување на храната и предупреди на можноста за манипулирање со ознаките за потекло на состојките.

„Стратегијата предвидува промени во системот за етикетирање на потеклото на храната, во кој има пропусти, за кои верувам дека дозволуваат сомнителни практики за маркетинг. На пазарот наоѓаме производи чија амбалажа „вреска“ домашно, хрватско, славонско итн, а главните состојки се увезуваат. Единствен начин купувачите да го разберат тоа е да ја читаат декларацијата која има големина на фонтот од три милиметри. Мислам дека тоа е дискриминација и штета за граѓаните“, рече Борзан, истакнувајќи дека проблемот е што производителот може да го означи својот производ како домашен дури и иако некои од состојките се увезуваат.

Ознаката за земјата на потекло во моментов е задолжителна за производи како што се свежо и замрзнато месо, риба и јајца, а стратегијата разгледува проширување на обврската за посочување на земјата на потекло на прехранбените производи за кои етикетата „произведено во ЕУ“ засега е доволна .

„Потеклото на храната е една од главните детерминанти што влијаат врз изборот на потрошувачот, затоа ја поддржувам максималната транспарентност“, додаде Борзан.

Сокол предупреди на негативните последици што стратегијата може да ги има врз производителите на месо, со оглед на тоа што промовира намалување на потрошувачката на месо во корист на храната од растително потекло.

„Потрошувачите треба да добијат право на избор“, рече Сокол, додавајќи дека одлуките за овие прашања мора да бидат донесени врз основа на реални факти, и да се спречи спроведувањето на стратегијата да не доведе до намалување на производството, но и повреда на правата на потрошувачите .

Извор: Индекс.хр

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еуознакипотекло на храна
Претходен напис Во Србија во тек е голема акција на откривање на неквалитетен и фалсификуван мед
Следен напис Србија лани од извоз на сончоглед има 56,8 милиони евра, веќе се преговара цена на „зелено“ од новата реколта
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?