Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уште од декември, 2.600 говеда пловат по морето – се појавила болеста син јазик
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Уште од декември, 2.600 говеда пловат по морето – се појавила болеста син јазик
Агровести

Уште од декември, 2.600 говеда пловат по морето – се појавила болеста син јазик

Објавено 23/02/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќе од 2.500 говеда пловат со два брода, кои го напуштија пристаништето во Шпанија во средината на декември минатата година, односно пловат повеќе од два месеци. Бродовите беа закотвени само на 19 февруари, но тоа било привремено.

„Се упатија кон Либија, но поради појавата на болеста син јазик кај животните, бродовите не можеа да се укотват во ниту едно пристаниште“,изјави за The Guardian, ветеринарката од Фондацијата за заштита на животните (AWF), Марија Боада Сана, која го следи пловењето на бродовите преку навигација.

На бродот наречен Елбеик има околу 1700 говеда, а тој е закотвен крај брегот на Кипар. Од друга страна, бродот Карим Алаху има скоро 900 говеда и закотвен е на брегот на Сардинија.

Портпаролот на шпанското Министерство за земјоделство, риболов и храна изјави дека ситуацијата нема никаква врска со тамошните активности на администрацијата и дека бродот ја напуштил земјата со сите потребни здравствени сертификати. Тој додаде дека официјалните лица ги следеле неговите движења и биле во контакт со Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) и Европската комисија, со цел да се најде решение за ситуацијата. Портпаролот на Комисијата подоцна изјавил дека шпанските власти се подготвени да ги примат назад и двата пловни објекти.

Што прават ветеринарните служби?

Со оглед на близината на бродот Карим Алах кој е закотвен крај италијанскиот брег, Мануела Џакомини, адвокат од Џенова, соработувајќи со AWF, рече дека поднела барање до тамошното министерство за здравство барајќи итна ветеринарна инспекција на бродот.

Олга Кику, раководител на здружението „Compassion in World Farming“ , упати слично барање до кипарските власти. Таму, главната ветеринарна служба тврди дека го следат бродот и дека ќе извршат увид кога тој ќе се приближи до брегот.

Кику верува дека приоритет на ветеринарите е да ја проверат состојбата на кравите и да ги еутанизираат оние кои се болни. “Условите секако се катастрофални. Треба да се најде решение за да се утврдат следните чекори за добитокот кој може да се спаси”, предупреди таа.

Меѓународната поморска организација наведува дека нивниот тим е свесен за ситуацијата и е загрижен за благосостојбата на екипажот, безбедноста на пловидбата и за добитокот.

„Ние сме во контакт со засегнатите земји, како и со нашите регионални канцеларии, со цел да го намалиме негативното влијание врз благосостојбата на животните за време на транспортот и да ја нагласиме заедничката одговорност на сите кои се вклучени во фазите на транспорт“, соопштија од ОИЕ

Времето поминато на брод се смета за одмор?

Тили Мец, европратеничка од Луксембург, кој претседава со Анкетната комисија за транспорт на животни, рече дека ова е уште еден скандал со превозот од ваков тип. „Како може да се случи да нема план за вонредни состојби како што е болест?“, праша таа, велејќи дека лутањето од пристаниште до пристаниште е неприфатливо.

Таа забележува дека клучниот проблем со овој вид на транспорт е тоа што времето поминато на бродот се смета за одмор на говедата, а не за транспорт. “Ова значи дека нема ограничување колку часови говедата можат да поминат на пловни објекти. Пловидбата може да трае со денови, недели, па дури и месеци. Многумина сметаат дека ова е законска аномалија во правилата за заштита на животните “, додава таа.

Овој случај, вели Мец, уште еднаш докажува дека бродовите не можат да бидат пловечка штала. “Ова е неприродно и стресно за животните. Има премалку персонал, постојат високи ризици од појава на болести поради тесниот простор, недостигот на храна и неможноста да се укотват”, заклучи таа.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бродговедасин јазик
Претходен напис Оризопроизводителите го блокираа патот Кочани – Штип
Следен напис „Кристал 1923“ и „Биспромет – Агроцентар“ започнуваат со склучување на договори за сончоглед реколта 2021
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?