Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Владата и МЗШВ им излегуваат во пресрет на оризопроизводителите, во напорите да се амортизираат последиците од корона кризата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Владата и МЗШВ им излегуваат во пресрет на оризопроизводителите, во напорите да се амортизираат последиците од корона кризата
Агровести

Хоџа: Владата и МЗШВ им излегуваат во пресрет на оризопроизводителите, во напорите да се амортизираат последиците од корона кризата

Објавено 22/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, за најавениот протест на оризопроизводителите, во интервју за Локално, тврди дека се остварени средби по што е донесен заклучок да се зголеми финансиската поддшка во рамки на подмерката за ориз без сертифициран семенки материјал.

На прашањто дали е остварена средба со оризопроизводителите од Кочани, кои сметаат дека оризот нема реална вредност, и каде го детектира проблемот дека производната цена е повисока од откупната, но и дека оризопроизводителите не се опфатени со досега ниту еден пакет економски мерки , министерот вели:

-Досега остварив неколку средби со оризопроизводителите и преработувачите од кочанскиот регион. На средбите разговаравме за актуелната состојба со откупот на ориз од овогодинешната реколта, а беа изнесени ставови за ниската откупна цена, како и за пропратните проблеми.

На барање на оризопроизводителите, Владата на Република Северна Македонија, донесе одлука за зголемување на висината на финансиската поддршка за подмерката за ориз без сертифициран семенски материјал. Со направената измена се зголеми поддршката за земјоделците кои немаат сертифициран семенски материјал на 25.000 денари за површини до 5 хектари, а оние земјоделци кои имаат површини од 5 до 50 хектари ќе добијат финансиска поддршка од 30.000 денари по хектар.

Со оваа одлука Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им излегува во пресрет на оризопроизводителите, во напорите да се амортизираат последиците од корона кризата. Исплатата на субвенциите се одвива во согласност со динамиката и календарот на Платежната агенција.

Извор: Локално

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Арјанит Хоџаоризопроизводителисубвенции
Претходен напис Хоџа:АФПЗРР веќе ги обработува барањата за исплата на субвенции по сите мерки, ќе следат и повиците за Млад земјоделец, 10 000 евра и рурална жена
Следен напис Зошто на доматот му треба калциум?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?