Најстудено изутринава е во Битола и во Берово каде што се измерени -22, односно -20 степени целзиусови. Следуваат Прилеп со -15, Тетово со -14, скопски Петровец со -13, а во Скопје се измерени -7 степени. „Најтопло” утрово е во Гевгелија и во Дојран со -4 степени.
УХМР информира дека на Попова Шапка има снежна покривка од 38 сантиметри, во Маврово 28 см., а во Крушево 25 см.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и во вечерните и во ноќните часови ќе има повремен слаб снег, претежно во североисточните делови. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6, а во делови од Пелагонија околу -7 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена, а попладне и во вечерните часови значителна облачност. Максималната температура ќе достигне до еден степен.
МИА
