Февруари е месец кога полека, но сигурно се наѕира доаѓањето на пролетта и затоа на терен има повеќе работа отколку што имаше претходните месеци.
Сега започнува прихранувањето на пченицата и другите зимски култури – ‘рж, овес, маслодајна репка, јачмен.
Кон крајот на февруари започнува сеидбата на пролетни култури како пролетна пченица, овес, ‘рж и јачмен, секако доколку се поволни температурните услови и состојбата на влага во почвата.
Не заборавајте да ја испуштите водата од ливадите во канал, ров или некој друг водотек.
Ако времето дозволи кон крајот на февруари исто така може да се почне со сеење ран зеленчук. Пластениците изминативе години покажаа голема предност во однос на производството на зеленчук на нивите. Сепак, треба да бидете претпазливи, бидејќи февруари знае да биде студен и со многу снег и мраз. Ако паѓа снег и ако температурата се спушта под нулата, треба да обезбедите посебна грижа за младите растенија во пластениците.
Раната сеидба е многу важна за растенијата како што се грашок, спанаќ, кромид, лук, ротквица, бидејќи тие ртат на температура од три до пет степени.
Наскоро почнува вегетацијата, па ќе треба да се режат овошките – круши, јаболка, сливи, дуњи, цреши, вишни и црни рибизли.
Во овој период можете да ги изрежете и украсните билки – камелии, хортензии, магнолии и божури.
