Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Утврдени правилата за рекреативен риболов во битолската акумулација Стрежево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Утврдени правилата за рекреативен риболов во битолската акумулација Стрежево
Агровести

Утврдени правилата за рекреативен риболов во битолската акумулација Стрежево

Објавено 12/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЈП „Стрежево“-Битола, јавно претпријатие кое стопанисува со истоимената акумулација, ги утврди правилата за рекреативен риболов на рекреативната зона „Акумулација Стрежево“. Дозволи за рекреативен риблов ќе се издаваат од 15 февруари, а риболовната сезона ќе почне на 1 март.

Од ЈП „Стрежево“ – Битола информираат дека рекреативниот риболов во акумулацијата и оваа година ќе се одвива плански, а тоа значи заштита на одредени видови риби за чие ловење има трајна забрана или пак ограничен број на примероци уловени риби во риболовен ден.

-Трајна забрана за риболовење има за рибите лињак и златен карас, до 31. март не смее да се лови штука, а риболовците на време ги известуваме за времената забрана за ловење на костреш, клен, крап и сом што ја посочуваме во текот на годината. Секој риболовец во еден ден може да улови најмногу 3 пастрмки, 20 риби црвеноперка, 15 риби од видот костреш, 1 сом или една јагула. Правилникот и други насоки за рекреативен риболов, вклучувајќи и меѓусебна заштита на риболовците од КОВИД-19 мора строго да се почитуваат, нагласуваат од ЈП „Стрежево“-Битола.

Во пресрет на риболовната сезона утврдена е висината на надоместоците за рекреативен риболов кои се движат од 150 денари за дневен, до 1.000 денари за целогодишен рекреативен риболов на акумулацијата Стрежево.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:правилариболовСтрежево
Претходен напис Нова функција на УЈП преку е-ПДД за „МојДДВ“: Граѓаните ќе можат да вршат проверка на исплатата на повратот на средства
Следен напис Бачовски : Исплатени субвенциите за лозарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?