Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Планот на Чешка: Во продавниците, најмалку 55% домашни производи?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Планот на Чешка: Во продавниците, најмалку 55% домашни производи?
АгровестиПазари

Планот на Чешка: Во продавниците, најмалку 55% домашни производи?

Објавено 26/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Чешка планира да воведе протекционистички закон со кој сака да ја заштити домашната храна, иако е свесна за политиката на Европската унија, односно за можни повреди на слободното движење на стоки во таа заедница.

На 20 јануари, долниот дом на чешкиот парламент усвои амандман на законот за храна, според кој продавниците поголеми од 400 м2 ќе треба да продаваат задолжително, минимум прехранбени производи произведени во таа земја, почнувајќи од 2022 година. Квотата треба да биде 55% следната година, со цел постепено зголемување, па да достигне 73% во 2028 година, пишува Деник.

Предвидени се и казни за кршење на правилата, кои се движат од 50 милиони круни, што е близу два милиони евра. Квотите треба да опфаќаат најмногу 15.000 видови прехранбени производи, вклучувајќи месо и зеленчук.

Целта на оваа политика е да се обезбеди поддршка на локалните производители. Нацртот сега треба да го потпише Сенатот, а потоа и претседателот, Милош Земан.

Пред гласањето за амандманот, министерот за земјоделство Мирослав Томан ги повика пратениците да бидат „малку националисти“ кога станува збор за чешката храна.

Иако ЕК не е подготвена да коментира во толку рана фаза, нејзиниот портпарол за Еурактив изјави:

„Слободното движење на стоки и услуги на внатрешниот пазар е најголем адут за задоволување на залихите низ ЕУ и исто така најдобро оружје за да се обезбеди закрепнување на сите“, додавајќи дека локалните ограничувања од секаков вид се контрапродуктивни.

Комисијата ќе ја спроведе анализата кога ќе биде усвоен чешкиот закон, а портпаролот открива дека овие мерки можат да создадат привилегирани пазарни услови за одредени прехранбени производи и со тоа да ги дискриминираат другите производители на храна во ЕУ и да спречат слободно движење на стоки.

Интересно е што премиерот на Чешка, Андреј Бабиќ, за медиумите коментираше дека не го иницирал овој предлог и не го поддржувал.

„Сметам дека е бескорисен политички потег што ги крши правилата на внатрешниот пазар на ЕУ“, рече тој. Но, иницијативата беше поднесена од неговата влада и одобрена од замениците на неговата партија.

Критичарите велат дека ваквиот закон ќе им помогне само на големите прехранбени компании, вклучително и на холдингот „Агроферт“, поранешна компанија „Бабис“. Сепак, портпаролот на Карел Ханзелка од споменатата компанија тврди дека нема никаква врска со усвоените амандмани.

„Не очекуваме новите регулативи да ни дадат предност или да ја сменат нашата позиција на пазарот“, заклучи тој.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:домашни производизаконЧешка
Претходен напис Германија го забранува мелењето на живи машки пилиња – воведува нова метода
Следен напис Земјоделци уриваат барикади за да влезат во Њу Делхи на протест со трактори
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?