На почетокот на следната 2022 година, Германија би требало да престане со пракса на „мелење“ на еднодневните машки пилиња. Со оваа одлука, Германија ќе стане првата земја во ЕУ која ќе воведе забрана за усмртување на живината на овој начин.
Нацрт законот, германската Влада го потпишала во средата, а наместо мелење, тој налага користење на технологија со која полот на пилето ќе се идентификува уште додека е во јацето, а јајцата во кои има машки пилиња ќе бидат уништени.
Етички неприфатливо
Оваа одлука, да потсетиме, пред една година заедно со Германија, ја најави и Франција. Бидејќи ЕУ се повеќе води грижа за благосостојбата на животните, овој, некогаш вообичаен процес во индустријата на јајца се повеќе се смета за неетички.
Да повториме, откако пилето ќе се изведе, независно од тоа дали е од машки или женски пол, тоа оди на понатамошна „обработка“. Во случај да е женско, за кратко време ќе стане кокошка несилка, најчесто со одгледување во кафези. Во случај да е машко – не служи за ништо бидејќи ниту носи јајца, ниту може да се тови.
Затоа веднаш штом излезат од јајцата машките пилиња се одвојуваат на посебна лента со која доаѓаат до машината која ги меле живи, постапка која сеуште се вика мацерација.
Предлогот на германскиот закон го даде министерката за земјоделство Јулија Клукнер која на отворањето на берлинската Зелена недела изјавила дека оваа пракса која се спроведува насекаде во севтот се смета за етички неприфатлива.
На мета на критичарите
Без оглед на промените и понатаму постојат критичари. Така претставникот на Германското здружение за заштита на животната средина и природа, Олаф Бандт вели дека новата пракса не е решение.
– “Реструктуирањето на сточарството одамна ни е потребно и тоа според системот кој не ги дели животните по тоа дали се корисни или не“; изјавил мислејќи притоа на производство со двојна намена – производство на јајца од една и месо од друга страна. Еден од таквите примери е и израелскиот start-up Soos каде развиваат техника со која во инкубаторот се менува полот на ембрионот од машки во женски. Застапувајќи ги потрошувачите, извршниот директор на “Foodwatch”, Мартин Рикер предупредува дека секој кој се бори за благосостојба на животните мора да му стави крај на лудилото на нехуманост кое го проживуваат пилињата. Смета дека дури и ако праксата на мелење на пилиња во Германија биде забранета, ова нема апсолутно ништо да смени во неподносливото страдање на кокошките несилки, изјавил тој.
Извор: agroklub.rs
