Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео)Земјоделството и уметноста: Во поле со праз поставил LED-осветлување!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Видео)Земјоделството и уметноста: Во поле со праз поставил LED-осветлување!
АгровестиМагазинРурален Развој

(Видео)Земјоделството и уметноста: Во поле со праз поставил LED-осветлување!

Објавено 26/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сè што расте во природата е уметност само по себе. Со тоа  ќе се согласи секој што некогаш видел роса на лист пченица огреана од пролетното сонце.

Слично е со секое друго растение, дури и кога станува збор за гола црна бразда или за златно стрниште.

Нова димензија на убавината на она за што можеби дури и не сме свесни, даде холандскиот уметник Даан Рузгард, кој постави црвено, сино и ултравиолетово LED-осветлување и тоа во поле со праз на една мала фарма во близина на градот Лелиштад.

Тоа е дел од неговиот последен проект наречен „Grow“(Расте), со кој сакал да им оддаде почит на земјоделците и да ги охрабри да експериментираат со вештачка светлина во земјоделството на отворено, пишува Ројтерс.

Овој уметник на некој начин е инспириран и од сликарите од 16 и 17 век, кои биле опседнати со холандското небо, облаците и светлината. „Се чувствувам како дел од традицијата на оние што сликаа на платно“, вели тој, додавајќи дека неговото платно е поле со праз од 20.000 м2.

Овој вид на специјализирано осветлување се повеќе се користи кај вертикалните градини  во затворен простор, но Рузгард во него гледа потенцијал и за одгледување на отворено.

LED диодите напојувани од соларни батерии, генерално ја зголемуваат светлината што ја добиваат растенијата во текот на денот. Сепак, овој проект има за цел да испита дали краткотрајното изложување на некои бранови должини од ултравиолетовата светлина може да ја намали потребата за пестициди.

Имено, проф. д-р Џејсон Варџент, водечки соработник во истражувањето и експерт за фотобиологија на растенијата, вели дека проектот е поддржан со научни истражувања кои покажуваат дека специфичната светлина како оваа може да го подобри растот и да ја намали употребата на пестициди до 50%.

Оваа фарма или изложба требаше да биде отворена за посетители, но со оглед на пандемијата од Ковид-19, до неа може да се пристапи само на веб-страницата на проектот. Сепак, целта на уметникот е  овој проект да го примени во 40 различни земји во светот, каде што секоја инсталација ќе ја прикаже локалната или националната растителна култура.

Погледнете како изгледа полето со праз осветлено со LED диоди, во следното видео:

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЛЕД диодиполе со празуметностХоландија
Претходен напис Почнува исплатата на јануарските пензии
Следен напис Германија го забранува мелењето на живи машки пилиња – воведува нова метода
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?