Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повеќе од 20 земјоделци од кумановско добија трактори преку Програмата за рурален развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Повеќе од 20 земјоделци од кумановско добија трактори преку Програмата за рурален развој
АгровестиФондови

Повеќе од 20 земјоделци од кумановско добија трактори преку Програмата за рурален развој

Објавено 23/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Речиси 50 проценти од земјоделците од кумановско кои аплицирале преку програмата за рурален развој добија решенија за одобрување на трактори од Програмата за рурален развој, информираа денеска надлежните од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, регион североисток Куманово.

На јавниот повик што беше објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од кумановско аплицирале над 40-тина земјоделци од овој крај, а од нив повеќе од 20 веќе имаат добиено решение за одобрување на трактори од оваа Програма и сега се во фаза на набавка на механизација.

– Дел од нив веќе ги купија тракторите, некои собираат документи за барање за исплата, тој процент што треба да се кофинансира од државата. Од документите, потребно е барање за да се пушти да им се вратат средствата на сметка од буџетот на државата. Ова е 50-50 финансирање. Но, во кумановско ниту еден не доби со 50 проценти, сите се 55, 60,70 и 75 проценти кофинансирање од државата, што зависи од капацитети, возраст, пол, услови, ако е погранична зона, рурални средини што се од повисоки нивоа, над 700 метри висина. Ние како советодавци на агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството можам да кажам дека сме задоволни затоа што повеќе од 50 проценти од апликациите се прифатени, сето тоа е плод на наша работа со земјоделците, изјави раководител на регион североисток, Куманово Џабир Рамадани.

Според Рамадани, важно е да се модернизира земјоделското производство, да се исполнат европските стандарди. Тој појаснува дека преку посебен закон за добра земјоделска пракса се исполнуваат стандардите за да се добие механизација.

– Тие работи бараат труд, земјоделецот мора да се ангажира, да ги постигне условите и ако му направиме деловен план веќе сме и сигурни дека ќе добие, дека ги исполнува условите. Пари редовно има и од буџетот на државата преку програмата за рурален развој и од ИПАРД програмата. Би било многу добро земјоделците што повеќе да се зафатат за тоа да ги исполнат минималните услови, се е можно само што треба ангажирање и во соработка со нас како советодавци, даваме насоки, совети, информации како и до кое ниво треба да исполнат, појаснува Рамадани.

Фармерите откако ќе го добијат тракторот обврзани се да ги обработуваат земјоделските капацитети, наредните пет години согласно предвиденото во деловниот план при апликацијата или техничкиот проект. Тракторите не смеат да се отуѓуваат и наредните пет години мора да се користат за обработка на своето земјиште. /МИА/

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделцимеханизацијатракторифондфонф
Претходен напис Програмата за Рурален развој 2021 одлична: Пари за млади земјоделци, рурална жена, механизација, 10 000 за нов агробизнис…
Следен напис 24ТВ: Кооперантите од струмичко апелираат до Прилепскиот комбинат побрзо да им ги земе произведените количини тутун
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?