Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Развојна банка: Одобрени се уште 8,8 милиони евра кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Развојна банка: Одобрени се уште 8,8 милиони евра кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија
Агровести

Развојна банка: Одобрени се уште 8,8 милиони евра кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

Објавено 20/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нова, втора група од 770 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента – Ковид 3, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата.

razvojna banka1

Втората група кредитни барања, информираат од Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, е во износ од 8,8 милиони евра за 770 компании кои вработуваат вкупно 5.898 лица.
-Вкупно досега, од кредитната линија за која се предвидени средства до 31 милиони евра, се одобрени 1.276 кредитни барања на вкупен износ од 14,7 милиони евра, кои ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7 декември 2020 година. Според структурата на досега одобрените кредитни барања, 715 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 475 барања се од микро компании, 67 кредитни барања се од трговци-поединци и 19 кредитни барања се од занаетчии, прецизираат од Развојната банка.

razvojna banka

Најголем дел од одобрените 1.276 кредитни барања, додаваат, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 32 отсто, а по него следи Полошкиот регион со 16, Југозападниот регион со 13 и Југоисточниот регион со 11 отсто. Источниот и Пелагонискиот регион доаѓаат следни со 9 отсто од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат 5 отсто од одобрените кредитни барања.
-Кредитните барања се обработуваат хронолошки, како што се пристигнати, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè до исцрпување на расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија. Во следните денови, службите на банката ќе достават известување по пат на е-маил порака до адресата на компаниите од тековната состојба за да ги информираат компаниите чии кредитни барања се одобрени, велат од Развојната банка.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бескаматна кредитна линијаипаКовид3развојна банка
Претходен напис Прв пат донесена Програма за водостопанство, од државниот буџет одвоени 916.000.000 денари
Следен напис Креирани се нови сорти на домати кои лечат висок крвен притисок и Паркинсонова болест?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?