Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поставени две агрометеоролошки станици во Општина Битола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поставени две агрометеоролошки станици во Општина Битола
Агровести

Поставени две агрометеоролошки станици во Општина Битола

Објавено 14/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамките на проектот: „Иновациите во функција на унапредување на земјоделството во Пелагонискиот регион“, Центарот за развој на Пелагониски плански регион изврши набавка и поставување на aгрометеоролошки станици со софтвер за земјоделски култури.

Агрометеоролошката станица МЕТЕОБОТ ги има следните сензори:

  • Сензор за температура на воздух
  • Сензор за влажност на воздух
  • Сензор за воздушен притисок
  • Сензор за брзина на ветер
  • Сензор за количество на врнежи
  • Сензор за соларна радијација
  • Сензор за влажност на лист
  • Сензор за температура на почва

Метеобот е професионална агрометеоролошка станица која одговара на многу прашања со кои производителите секојдневно се среќааваат во процесот на земјоделско производство. Со станицата се добива компјутерска и мобилна апликација преку која се следат сите агрометеоролошки податоци во одреден насад.

Метеобот станицата во целост е автоматска, тоа значи дека корисникот нема потреба да доаѓа до станицата за да ги прочита и превземе податоците. Станицата преку ден електричната енергија ја добива преку соларен панел, а во текот на ноќта работи на акумулаторска батерија која што преку ден се полни. Станицата континуирано на секои 10 минути ги собира измерените податоци и преку GPRS односно преку м2м сим картичка ги препраќа податоците на сервер, каде што се обработуваат и се праќаат на мобилната и компјутерската апликација.

Земјоделското, особено интензивното производство најмногу зависи од временските услови. Постојано е под влијание на врнежи, температура, ветер, сончево зрачење, релативна влажност, влажност на почвата и други параметри.

Метео податоците од одредената локација се обработуваат софтвер за модел на прогноза на болести, од каде што се добива навремена информација за почетокот, траењето и интензитетот на напад на поединечни болести или штетници за секоја култура посебно.

Со ова се овозможува прецизно одредување на рокот за третирање на заштитни препарати,  но од друга страна и се олеснува изборот на препарати. Освен тоа, се овозможува прециздно дозирање на рокови и порции на наводнување, примена на агротехнички мерки после мраз, или други временски шокови на растенијата. Во суштина се добиваат информациите кои што се потребни да се добијат најдобрите можни резултати за што подобар раст и принос на одреден насад. Со правилна примена се постигнуваат значајни заштеди на средствата за заштита, човечкиот труд и работата на механизацијата.

Двете агрометеоролошки станици се поставени во консултација со подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Општина Битола и тоа во с.Кравари Latitude-41.003227, Longitude-21.371922 и с.Лисосај Latitude-41.131246, Longitude- 21.307523.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агрометереолошка стаицабитоламетоботЦентар за развој
Претходен напис Зголемен водостојот на Охридското Езеро
Следен напис Почнува пријавувањето на вишокот тутун, Тутунскиот комбинат ќе ги купи количините на „Далија табак”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?