Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дождот добредојден за земјоделските култури и за акумилирање на водата по сушниот период
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дождот добредојден за земјоделските култури и за акумилирање на водата по сушниот период
Агровести

Дождот добредојден за земјоделските култури и за акумилирање на водата по сушниот период

Објавено 12/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дождот во пелагониско-прилепскиот регион не претставува никаква опасност за посевите, напротив, добредојден е, а чисти се и каналите, па нема никакви проблеми, вели раководителот на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделското производство во Прилеп, Горан Томески.

-Дождовите во Пелагониско-прилепскиот регион во моментов не претставуваат никаква опасност зашто есенва имавме долг сушен период. Сега не предизвикува никакви штети. Каналите во Прилепско се чисти, реките може да го приберат вишокот вода, полека се полни вештачкото езеро. Очекуваме наредниот период да имаме врнежи од снег што ќе биде добра изолација од студот за есенските култури, особено за житарките кои ќе го добијат тој „изолатор” од ниските температури. Во овој момент сметаме дека водата е добредојдена. Се надеваме дека дождовите нема да продолжат цел месец за да се појават проблеми, изјави Томески.

Од водостопанското претпријатие „Прилепско поле” уверуваат дека каналската мрежа во Прилепско е чиста и може да ја прибере водата. Дождовите се посебно потребни за полнењето на Прилепското вештачко езеро.

Според директорот на „Прилепско поле”, Ѕвонко Талески, се следи ситуацијата и битно е што почна да се полни Прилепското вештачко езеро, потребно за околу 2000 водокорисници, најмногу тутунари.

– За една недела водостојот на езерото се зголеми за еден метар, езерото доби дополнителни 250 000 метри кубни и сега се акумулирани вкупно 1,7 милиона метри кубни вода. Инаку целиот капацитет е преку 6 милиона метри кубни вода, неопходна за над 2000 водокорисници, најмногу тутунари. Каналската мрежа во регионот е чиста, нема никакви проблеми сега од теренот. Водата ни беше неопходна, вели Талески.

Од прилепското јавно претпријатие „Комуналец” велат дека се одржува урбаната каналска мрежа, посебно Дабничкиот канал, но апелираат граѓаните да не фрлаат смет.

Извор: Макпрес

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водадождЗемјоделски култури
Претходен напис Општина Битола ќе ги обесштети граѓаните што претрпеле штети од поплавите
Следен напис Одобрена првата група кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?