Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На претседателската инаугурација на Џо Бајден ќе се служи вино од Хрватска
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На претседателската инаугурација на Џо Бајден ќе се служи вино од Хрватска
АгровестиМагазин

На претседателската инаугурација на Џо Бајден ќе се служи вино од Хрватска

Објавено 11/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На церемонијата на инаугурацијата на првиот човек на најмоќната земја во светот – американскиот претседател Џо Бајден, Хрватска исто така ќе го најде своето место. Хрватското вино од Пељешац отиде во Америка. Ова е одлична можност за промовирање на  земјата и нејзините квалитети.

„Првото вино е Zinfandel Benmosche, а второто e Dingač Benmosche. Двете вина се автохтони хрватски сорти и се зрели, потешки, побогати, корпулентни вина. Јас би рекол дека Дингач е всушност лек и воопшто не сум изненаден од изборот на експертите кои очигледно работат со новиот претседател и новата канцеларија, за да се определат за едно вакво вино “, објасни сомелиерот Синиша Ласан.

 Тоа е одлична можност за промовирање на  земјата. Особено кога знаеме, истакнува професорот Божо Скоко, дека Американците многу се грижат за симболиката.

 „Научно е докажано дека најпознатата американска сорта на вино Zinfandel првично потекнувала од Далмација и со себе ја донеле хрватски емигранти. Ова има силна симболика што Американците ја користат и сакаат да се претстават како значајна имигрантска земја“, тврди Скоко.

Хрватските вина ги воодушевија и Британците, па така претходната година, британскиот премиерБорис Џонсон, изјави дека со нетрпение го очекува денот кога ќе може да купи Дингач и Пошип во продавница  во Лондон.

Овие  вина се пијат и на кралскиот двор. Траминец се служел на крунисувањето на кралицата Елизабета Втора. И не само вината, познати се и сирењата и маслиновото масло. Поранешната членка на Европскиот парламент Маријана Петир организираше бројни промоции на хрватски производи.

„Откако ги испробаа, тие сакаа да дознаат повеќе за Хрватска, и најавија дека дефинитивно ќе ја посетат Хрватска. Ова ја потврдува популарната изрека дека љубовта поминува низ стомакот и секако можеме да ја користиме нашата квалитетна храна за промоција на земјата на најдобар можен начин, но и за зајакнување на нашиот туризам “, посочи таа.

Извор: Клубсело.хр

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:виноинаугурацијаХрватскаЏо Бајден
Претходен напис Кина има клучна улога во диктирањето на глобалните цени на свинското месо?
Следен напис Македонски производ по светски стандарди, за здравје и ум на европските пазари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?