Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Врнежите од дожд ќе ги зголемат водостоите, да се избегне движење покрај реки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Врнежите од дожд ќе ги зголемат водостоите, да се избегне движење покрај реки
Агропрогноза

Врнежите од дожд ќе ги зголемат водостоите, да се избегне движење покрај реки

Објавено 10/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врнежите од дожд, кои наместа се очекува да надминат и 50 литри на метар квадратен се очекува да ги зголемат значително водостоите, особено на реките Радика, Сатеска, Коселска и Голема, Треска, Вардар и Црна.

Од УХМР најавуваат дека во западните делови на места се очекува врнежите да надминат и 50 л/м2 и дека во тие делови од земјата се очекуваат значително вискои водостои, полнење на речните корита како и локални излевања.

– Ова особено се однесува на реките Радика, Сатеска, Коселска и Голема (Ресенска) во чии сливови се можни излевања. Исто така, висок водостој и полнење на речното корито се очекува на реката Треска, (каде се можни локални излевања во тој слив, во Пласница и на помалите притоки), а исто така и самата река Треска се очекува да има полно корито. Зголемен водостој се очекува и во горниот дел од сливот на река Црна и на нејзините помали притоки, наведуваат од УХМР од каде додаваат дека според водостојот вчера има простор за полнење.

Висок водостој се очекува и на реката  Вардар во нејзиното горно течение, заедно со нејзините притоки во тој дел.

Во источниот дел врнежите се очекува да бидат послаби, но од УХМР велат сепак висок водостој и можни слаби локални излевања се можни во сливот на реките Крива, Кумановска и Пчиња.

Од УХМР предупредуваат на крајно претпазливо и внимателно движење (по можност да се избегнува) покрај реките и суводолиците низ земјава поради опасност од нивно излевање. Ова најмногу се однесува на водотеците во западниот дел од земјата каде врнежите ќе бидат пообилни и има опасност од нивно излевање, но и на тие од источните делови каде се очекуваат високи вредности на водостоите.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:излевањепредупредувањерекиухмр
Претходен напис Милевски: Гермијан е пример за модерно европско село, со уредувањето на коритото жителите ги заштитивме од поројни дождови
Следен напис Битолскиот Драгор носи се пред себе!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?