Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Милевски: Создадовме услови за подобар живот во Могила и развој на рурален туризам
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Милевски: Создадовме услови за подобар живот во Могила и развој на рурален туризам
Агровести

Милевски: Создадовме услови за подобар живот во Могила и развој на рурален туризам

Објавено 05/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со партерното уредување во насока на збогатување на туристичката понуда во општина Могила и Пелагонискиот регион како и регулирање на коритото на реката Црна односно нејзината притока Шемница, со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа ги завршивме проектните активности во општината во насока на подобрување на условите за живот и за развој на руралниот туризам, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

– Министерството за локална самоуправа и покрај здравствената криза 2020-та година ја искористи да ги продолжи инвестициите кои ги прави преку Бирото за регионален развој. Инвестициите беа реализирани во најразлични области – животна средина, здравство, култура, туризам. Тука во Општина Могила сме сведоци на уредување на кејот со којшто се подобруваат условите за живот на овие жители и добиваат една нова содржина која може да ја користат за пешачење и рекреација, што е многу важно во овие услови на Ковид-19. Се надевам дека општината и оваа 2021-ва година ќе предложи до нас суштински проекти со кои ќе се подобрат условите општината. Апелирам да им помогаме што повеќе на нашите општини бидејќи и тие се соочуваат со економска криза и секоја помош е добредојдена, независно дали од донаторите меѓународни, но се разбира и од средствата од најразличните институции на државно ниво, појасни министерот за локална самоуправа Милевски.

Носител на проектот во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година, е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а вкупната вредност на проектот изнесува 3.800.000 денари.

– Овој проект во континуитет се гради од 2015та година, меѓутоа 2020та година конечно почнува да се уредува и кејот на река Шемница. Средствата се аплицирани преку Пелагонискиот плански регион а добиени преку Бирото за регионален развој и се инвестира во пешачка, бекатон патека од 1.100 метри со тринаесет канделабри и дванаесет клупи за седење. Конечно во Могила се доби еден урбан простор за рекреација наменет за сите групи на граѓани, вели градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулеска.

– Поради обемноста и комплексноста на проектот се работеше во четири фази изминатите четири години, на крајот оваа река Шемница веќе го доби својот конечен изглед. Сакам да напоменам дека ние тука не застануваме. Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион заедно со градоначалниците на пелагонискиот регион ги следат потребите на граѓаните и се трудиме да го подобриме квалитетот на животот во овој регион, додава директорот на Пелагониски плански регион, Гого Видимче.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:МилевскиМогилаПелагониски регионрурален туризам
Претходен напис Ќе се гради нов експресен пат од Струмица преку Валандово до автопат на Коридор 10 кај Смоквица
Следен напис Облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?