Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковид пандемијата го зголеми интересот за домашните туристички центри
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковид пандемијата го зголеми интересот за домашните туристички центри
Агровести

Ковид пандемијата го зголеми интересот за домашните туристички центри

Објавено 02/01/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ковид пандемијата во 2020 година ги натера македонските граѓани да се свртат кон домашните зимски туристички центри. Поради ограниченоста да се патува без ПЦР тест надвор од државата, атрактивни се туристичките капацитети во Маврово, Попова Шапка, Берово и Крушево. За разлика од минатото, годинава особено атрактивна е Попова Шапка бидејќи таму има снег, а работи и ски центарот.

Туристичките агенции, кои беа први на удар од ковид кризата и кои се уште чувствуваат сериозни последици од неа, велат дека има интерес за патување во домашните рекреативни центри и во туристичките места во земјава, додека патувањата во Банско и Боровец во соседна Бугарија, кои со години наназад беа топ дестинација за зимување, сега се намалени поради задолжителниот ПЦР тест. Има граѓани кои сакаат да патуваат и на Копаоник и Златибор, но сепак, нивниот број е минимален.

– Интересот и интензитетот на патувања секако е слаб ако се спореди со минатите години пред се поради ограничувањето во дестинациите на кои може да се патува. Изборот за патување е лимитиран. За соседна Бугарија е потребен ПЦР тест и во ЕУ е тешко достапно да се патува. Во таа смисла во моментот без задолжителен ПЦР тест, македонските граѓани може да патуваат во земјава, во Албанија и во Србија, велат од „Савана” која е една од туристичките агенции што ги контактираше МИА.

Туристичките агенции се едногласни дека патувањата надвор од земјава се значително намалени во споредба со минатите години пред се поради лимитираната понуда и неизвесната ковид ситуација која секојдневно се менува. Така, поради најавите за задолжителен ПЦР тест во Турција сега и таму патувањата стануваат дискутабилни.

– Интерес за патување надвор од земјава нема како други години затоа што нема понуда. Генерално, понудата е помала и согласно на тоа и интересот е помал. Лимитирани сме, затоа немаме понуда. Инаку, секогаш има луѓе кои сакаат да патуваат. Има голем број на луѓе што веќе го прележале вирусот и се спремни да патуваат, има луѓе на кои не им е проблем да направат ПЦР тест, но работите се комплицираат – понекогаш летови се откажуваат, сега преку ноќ за Турција треба ПЦР тест… Тоа се ситуации кои реално ги ограничуваат плановите за патување, истакнуваат за МИА од туристичката агенција „Аурора”.

Цените во зимските туристички центри годинава се релативно исти како и за секоја претходна зимска сезона. Нема никакви промени бидејќи, како што велат агенциите, драстични намалувања на цените се економски неиздржливи за нив во оваа и така сериозна ситуација во која се наоѓаат.

– Нема промени во цените со цел привлекување на туристи. Најверојатно заради тоа што туристичкиот сектор и целата оваа индустрија се соочуваше и се уште се соочува со сериозни предизвици да се издржи овој период. Во таа смисла не може да се издржат некакви драстични намалувања на цените затоа што економски се неиздржливи за сите туристички чинители, велат туристичките агенции.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:домашен туризампандемијатуризам
Претходен напис Сончево време, во текот на ноќта врнежи од дожд
Следен напис Русија: Стакленици со површина од шест хектари, за производство на органски зеленчук
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?