Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Премиерот Заев и министерот Хоџа на средба со претставници на тутунопроизводителите, договорeни чекори за постигнување повисока просечна цена на тутунот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Премиерот Заев и министерот Хоџа на средба со претставници на тутунопроизводителите, договорeни чекори за постигнување повисока просечна цена на тутунот
Агровести

Премиерот Заев и министерот Хоџа на средба со претставници на тутунопроизводителите, договорeни чекори за постигнување повисока просечна цена на тутунот

Објавено 24/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на денешната средба со Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија ги разгледаа можностите за излегување на барањата на производителите на тутун за да се оствари успешна завршница на годинешната реколта и повисока просечна цена на тутунот на ниво на целата држава.

Премиерот Заев и министерот Хоџа изразија согласност да се покрене иницијатива за укинување на четвртата класа, како и дополнителните класи тутун, за откуп од реколтата од оваа година, со што компаниите откупувачи ќе го дадат својот придонес за постигнување повисока просечна цена.

Премиерот Заев истакна дека тој и министерот Хоџа ќе ја интензивираат комуникацијата со овластените компании за откуп на тутунот за ова прашање, како и за конструктивен и флексибилен пристап во однос на категоризацијата на тутунот, вклучувајќи го овој пристап и кон проценката за одбиток за кој ќе се бара решение да не биде повисок од 5%.

На средбата со Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија, премиерот Зоран Заев истакна дека Владата ќе го следи откупот на тутунот на дневна основа и ќе ги примени достапните можности цената на откупениот тутун на ниво на целата држава да ја достигне просечната цена најмалку од 180 денари.

На средбата беше истакнато дека во интерес на тутунопроизводителите и на Владата е да продолжи динамиката на откупот со подеднакви количини од сите категории тутун како обврска и на производителите и на откупувачите за да се постигне поволна просечна цена.

Од страна на Владата, беше истакнато на состанокот, ќе продолжи инсистирањето компаниите откупувачи да ја исполнат својата обврска да ги откупат сите количини на кои се обврзаа со државата, а со тоа и со тутунопроизводителите.

Дополнително се потврди определбата на Владата до крајот на сезоната, откако ќе заврши откупот на договорените количини за оваа година, да се исполни и обврската да се откупи и вишокот тутун од оваа година.

Премиерот Заев и министерот Хоџа го прифатија и барањето на тутунопроизводителите за измени и дополнувања на Законот за да се избегнат во иднина дел од прашањата што се појавија со годинешната реколта на тутунот, вклучувајќи и тоа откупувачите да бидат законски обврзани да им потпишат договори за нова реколта со исти количини од претходната реколта на сите тутунопроизводители кои при проценка на Второстепената комисија  добиле подобра проценка на тутунот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Павлески: Приказната на брендот „Гурмано“ е импресивна, за само 3 години веќе го освојува светот
Следен напис Милевски: Со целосно реконструирани ски-лифтови по 40 години на Пониква се создаваат услови за зимски туризам, на ред се Кожув и Пелистер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?