Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Се стремиме кон нови пазари и создавање конкурентност на земјоделските производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Се стремиме кон нови пазари и создавање конкурентност на земјоделските производи
Агровести

Заев: Се стремиме кон нови пазари и создавање конкурентност на земјоделските производи

Објавено 24/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделството и Владата имаат развиено флексибилни политики, државата секогаш ќе биде тука за да помогне и затоа во моментов се подготвува вториот состанок во Влада за проблемите со тутунот, а службите веќе разговараат околу проблемот со оризовата арпа, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција при увид во тековните и реализирани проекти во Осогово – Пониква.

Тој исто така најави средба на тутунарите со министерот за земјоделство, шумарство и стоманство Арјанит Хоџа во текот на денот.

– Тука сме да помогнеме. Секогаш ќе помагаме. Она што мора да го сработиме заедно е да ја зголемиме конкурентноста на пазарите. Државата ќе помага, но секако тоа никогаш не треба да биде доволно затоа што самото помагање треба да има конечна цел, а тоа е зголемување на квалитетот на тоа што го произведуваме, јакнење на првите класи заради тоа што тие носат подобри цени, истакна Заев.

Тој додаде дека многу е важно и отворањето на новите пазари, како и дека тоа е битка која Владата ја води постојано и верува оти стремежот кон новите пазари на истокот ќе даде дополнителна можност за многу производи.

– Се бориме на дополнителни европски пазари, се бориме исто така и на рускиот пазар, се со цел да создадеме дополнителен натпревар, односно конкуренција за тоа кој ќе го купи земјоделското производство, а тоа само по себе ќе си донесе подобро платен производ, нагласи премиерот.

За крај, Заев порача дека Владата будно ја следи состојбата и дека ќе има интервенции околу овие состојби.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:европски пазаризаевЗемјоделствоинтервенции
Претходен напис Битолчанец најбогат во 2019, Стружанец со најголема плата, а најмладиот милионер има само шест години
Следен напис Павлески: Приказната на брендот „Гурмано“ е импресивна, за само 3 години веќе го освојува светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?