Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Ќе бидеме лидери и во енергетската транзиција заради екологија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Ќе бидеме лидери и во енергетската транзиција заради екологија
Агровести

Заев: Ќе бидеме лидери и во енергетската транзиција заради екологија

Објавено 21/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како што сега сме лидер во реформите во енергетиката, така во иднина преку практична реализација на енергетските објекти ќе бидеме лидери во енергетиката и во екологијата и во процесот на енергетска транзиција заради екологијата, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Тој нагласи дека екологијата е доминантна тема во Буџетот за 2021 година и оти се предвидени низа на акции и активности што ќе се реализираат со буџетски средства, но и со средства од  јавните и на акционерските друштва на државата.

– Во тој дел доминантна улога има АД ЕСМ каде преку РЕК Битола, РЕК Осломеј и сите свои испостави ќе биде водилка во ваквите аспекти. Пред два дена во Битола ги пуштивме во употреба еколошките автобуси, а во 2021 година ќе следи уште една набавка на нови шест еколошки автобуси, а веќе е започната и постапката за набавка на филтрите во вредност од околу 24 милиони евра, средства на акционерското друштво. Наскоро ќе следува и постапката за филтрите за десулфуризација во РЕК Битола за која очекуваме и поддршка од ЕУ, рече Заев во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека веќе има резултати од целосното санирање на прашината на одлагалиштата на јаловината и додаде дека сега се покриени 87 отсто, за разлика од пред три години кога беше покриена само 15 отсто од јаловината.

– И понатаму ќе продолжиме со сите еколошки активности, а ќе продолжат и инвестициите во гасификацијата, инвертори, замена на системите на греење на јавните здравствени установи. Тоа е еден од нашите 10 приоритети во Акција 21 на кои ќе бидеме посветени во 2021 година и соодветно на тоа имаме и алоцирано буџетски средства, потенцира Заев.

MИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:екологијаенергетска транзицијазоран заев
Претходен напис За еден месец во ФИТР потпишани 71 договор за кофинасирање со вкупен износ од 3.112.339 евра
Следен напис Бензините поскапи, а дизелот поевтин за половина денар по литар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?