Како дел од обврската за тоа да компонентите на храната ги направи одржливи и да ги заштити граѓаните од штетните супстанци , Европската комисија одлучи да ги повлече од европскиот пазар, производите кои се користат за заштита на растенијатана и кои во себе ја користат активната состојка манкозеб.
Државите членки на ЕУ, ќе мораат да ги деактивираат веќе издадените одобренија за употреба на сите средства за заштита на растенијата кои ја содржат оваа супстанца, најкасно до јуни 2021 година, соопшти ЕК.
– „Заштитата на граѓаните и на околината од опасните хемикалии е приоритет на Европската комисија. Намалувањето на зависноста од нив е клучен столб на стратегијата од „Фарма до вилушка“ која ја претставивме минатата пролет“, изјави Стела Кириакидес, комесар за здравство и безбедност на храна. Таа додава дека, не може да се прифати во ЕУ да се користат пестициди штетни за здравјето.
-„Државите членки би требало да ги повлечат сите одобренија за средствата за заштита на растенијата кои ја содржат оваа активна состојка“, предупредува таа.
Манкозеб е активна супстанца која се користи во голем број на пестициди кои се користат во ЕУ, а предлогот го подржаа државите членки, уште во септември.
Следува научна проценка на Европската агенција за сигурност на храна (EFSA-e) која ја потврди загриженоста за здравјето, особено на делот кој се однесува на отровното влијание врз репродукцијата и заштитата на околината. Треба да се напомене дека оваа супстанца исто така има својства за пореметување на ендокриниот систем кај луѓето и животните, стои во соопштението.
Инаку, се користи во средствата за сузбивање на фузикладија, шупливост, пламеница на виновата лоза и компирот, септориоза на житото и други растителни болести.
Извор: agroklub.com
