Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битката за цената, драги тутунари се бие на откупен пункт со законските можности, а не на блокади, или така ви е полесно?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битката за цената, драги тутунари се бие на откупен пункт со законските можности, а не на блокади, или така ви е полесно?
Агровести

Битката за цената, драги тутунари се бие на откупен пункт со законските можности, а не на блокади, или така ви е полесно?

Објавено 16/12/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Годинешниот откуп на тутун и несебичниот ангажман на министерот кој најтранспарентно застана на страната на земјоделците, ги извади на површина сите аспекти на откупот и оние кои директно зависат од самите тутунари

Имено, ако се следи откупот од самиот старт се добива впечаток дека тутунарите, за незадоволството од проценката на тутунот прво беа лути на сите, на откупувачите, министерот, Владата и на Сојузот на тутунарските здруженија. Како се одвиваа преговорите кога видоа дека министерот е целосно на нивна страна, наместо да ги следат неговите препораки за користење на законските можности, а тоа е второстепената комисија, нив како да им олесна и му ја префрлија сета битка со откупувачите да ја води тој, а тие заминаа на блокади?! Се амнестираа и од нелојалните повереници, од оние тутунари што потфрлуваат мувлосан тутун, од влијанието на Сојузот на тутунарски здруженија, од се што е во нивни раце, а им овозможила државата. И заминаа на блокади.

Но ајде да ги видиме фактите. Ако годинава тутунот по квалитет не е како ланскиот, значи прво се избива барањето за ланска цена. Белешките од 100 денари кои ги покажуваат во јавност, се дел од откупот, но не и просечна откупна цена, која официјално, на откупени 646.266 килограми тутун е 165 денари. На ова додадете и најмалку 60 денари субвенции, значи тутунарот за килограм тутун има цена од 225 денари.

Второ, ако поверениците не се на ниво на задачата, од Сојузот на тутунарски здруженија најавија нивна смена, значи и таа слабост се надмина.

Трето, имаат можност за користење на второстепена комисија како најсилно оружје во битката за фер проценка, односно главниот проблем кој го потенцираат тутунарите на откупот.

Па така имаме, во текот на вчерашниот ден информација од Подрачната единица од Прилеп:

Од страна на Алијанса Кавадарци има 2 приговори за повторна проценка на тутун. Каде на едниот приговор имаше 11 спорни кутии, а на другиот 5 кутии.

Комисијата излезе на лице место и изврши повторна проценка, така што:

– Првиот приговор од единаесет кутии, пет кутии од 4 класа беа проценети во 3 класа, а шест кутии од 3 класа беа проценети во 2 класа.

– Вториот приговор две кутии од 4 беа проценети во 3 класа додека три кутии остана во прво проценетата класа, односно 3 класа

Ова што ни покажува дека законската можност кога се користи има ефект и тоа е најсилната алатка која е во рацете на тутунарите.

Да претпоставиме дека со оваа динамика секој ден ќе има голем број на вакви барања за второстепена комисија, дали можеби тоа нема да значи преслушување од страна на откупното претријатие дека навистина нивните проценки се за класа пониски? Тоа ќе го видиме. Но за да дојде до таква прераспределба на „силите“ зависи единствено од тутунарите .

Доколку тие наместо на блокади да се силат и да се повикуваат на протестите од 2006, кога немаа ни денар субвенции, или од 2013 кога државата ги остави без никаква заштита, а тогашниот министер никаде го немаше, тоа време го искористат за докажување со откупувачот и битка за подобра цена. Министерот рече и лично ќе доаѓа и тука е за нив.

Ако Владата се изјасни дека дополнителни пари за субвенции нема (30 милиони евра годишно за тутунарите е ставка која е 1/3 од вкупниот буџет за сите земјоделци), министерот е постојано и недвосмислено на нивна страна, ако Државниот инспекторат за земјоделство е на висина на задачата, која е тогаш целта на протестите и блокадите?

Битката, драги тутунари се бие на откупниот пункт, а не на автопати. Таму се оди само откако ќе ги искористете сите законски можности, а вие досега не искористивте ништо.

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:протесттутун
Претходен напис Не е се така црно, пандемијата го убрза развојот на некои позитивни трендови!
Следен напис Компаниите од денеска ќе може да аплицираат за Ковид 3 бескаматна кредитна линија преку Развојна банка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?