Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јаболков оцет – како се прави и како се користи?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Јаболков оцет – како се прави и како се користи?
МагазинСовети

Јаболков оцет – како се прави и како се користи?

Објавено 12/12/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јаболковиот оцет е многу здрава намирница, затоа често се користи како природен лек за многу болести. Тој е целосно природен производ што се создава со процесот на ферментација на јаболката и има две фази.

Во првата фаза, шеќерот се претвора во алкохол, а во втората, со понатамошна ферментација на алкохол, се добива оцет. Целиот процес трае три до четири недели, во зависност од температурата.

Користење

Јаболковиот оцет е првенствено прехранбен производ. Оцетот е една од основните намирници во исхраната на луѓето, било да е алкохолен, вински или јаболков. Во исхраната, се користи во салати, како додаток на варени јадења или за конзервирање на зимница. Значи, јаболковиот оцет се користи како и секој друг оцет, но тој е поздрав од кој било друг, до тој степен што често се користи како лек.

Лековити својства

Основната состојка на јаболковиот оцет е оцетната киселина. Предноста на домашниот јаболков оцет во однос на индустрискиот е тоа што содржи многу корисна јаболкова киселина. Покрај тоа, содржи други киселини, минерали, витамини и есенцијални аминокиселини. Негова важна состојка е калиумот, кој го содржи во голема мера. Тој е еден од електролитите одговорни за протокот на  енергија во телото. Влијае на правилното функционирање на мускулите, цревата, како и на срцевиот ритам.

Употреба

Јаболковиот оцет се користи за плакнење на косата после миење затоа што ја враќа нормалната PH рамнотежа на косата, има корисен ефект врз скалпот, го отстранува првутот и и дава сјај на косата. За таа цел, потребно е да се направи раствор што содржи 1 литар вода и 1 дл оцет.

Некогаш беше широко користен за контрола на паразити како што се вошките. Не ги убива вошките, но ги отстранува гнидите од косата, со што се  спречува понатамошно размножување на овој паразит.

Чист или разреден со вода, во сооднос 1:1, ги смирува изгорениците. Водена бања во која се додава јаболков оцет ги ублажува изгорениците предизвикани на кожата. Бидејќи го стимулира процесот на метаболизам и го забрзува согорувањето на маснотиите, се користи и како средство за слабеење ако се испие една чаша вода во која се раствора една лажица јаболков оцет за време на ручекот. За третман на ревматоиден артритис, се препорачуваат облоги од јаболков оцет,кои се  ставаат на болните зглобови. Исто така, се користи за лекување на разни кожни болести, кога се во почетна фаза.

Рецепт за јаболков оцет

За да направиме јаболков оцет, потребни ни се само јаболка, најдобро по можност диви и без шеќер. Само 50 до 100 грама шеќер е доволно за 10 килограми јаболка, а ако јаболкате се навистина благи, тогаш шеќер не е потребно. Исечете ги добро измиените јаболка, заедно со семето и лушпата. Додадете шеќер и измешајте. Оставете ја смесата да стои три до четири недели. Повремено мешајте и чувајте ја на температура од 18 до 25 степени. Кога ќе се процени дека е готово треба да се процеди.

Извор: Агомедија

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Таг:јаболкајаболков оцетрецепт
Претходен напис Истекува рокот за ваучерите за туризам, но ќе има нови за 2021
Следен напис Проверете дали сте на списокот за 6.000 денари за купување домашни производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?