Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжен рокот за поднесување образец за ослободување од плаќање месечни аконтации за данок на добивка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжен рокот за поднесување образец за ослободување од плаќање месечни аконтации за данок на добивка
Агровести

Продолжен рокот за поднесување образец за ослободување од плаќање месечни аконтации за данок на добивка

Објавено 10/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со цел да се овозможи даночните обврзници да поднесат барања за ослободување од плаќање на месечни аконтации и за ноември годинава, рокот за поднесување на образецот ДД-ОМА/1 се продолжува до 14 месецов.

-Согласно измените во Законот за данок на добивка објавен во Службен Весник на РМ, бр. 290 од 07.12.2020 година обврзниците на данокот на добивка кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на коронавирусот Ковид-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците ноември и декември годинава, како и за јануари и февруари 2021 година, соопшти УЈП.

За остварување на ова право даночните обврзници поднесуваат барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на добивка образец ДД-ОМА/1 до Управата за јавни приходи, најдоцна до петти наредниот месец за месецот за којшто обврзникот бара ослободување од плаќање на аконтации на данокот на добивка за временскиот период за кој побаруваат ослободување.

Поднесувањето на барањето образец ДД-ОМА/1 се врши преку системот е-Даноци на Управата за јавни приходи, а Управата за јавни приходи ја потврдува комплетноста во рок од десет дена од денот на доставување на барањето.

-Даночниот обврзник кој го искористил правото на ослободување од плаќање на аконтации за данок на добивка, а не ги исполнил условите за тоа согласно Законот за данок на добивка, има обврска да ги плати месечните аконтации на данокот на добивка што не ги платил, и камата согласно со Законот за даночна постапка, информира УЈП.

За да се искорости ова право, потребно е даночниот обврзник-работодавач да не го намали бројот на вработени за времетраење на користењето на ослободувањето од плаќање на аконтациите во однос на бројот на вработени заклучно со 30 ноември годинава, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените. Вкупните приходи од редовното работење на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 30 отсто во периодот април – септември годинава во однос на приходите од редовно работење во периодот април – септември 2019 година или – даночниот обврзник да затворил најмалку 50 отсто од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти). 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:данок на добивкаобразецпродолжен рокујп
Претходен напис Делумно уривање на Фејсбук, Инстаграм и Месинџер
Следен напис Прилепски совет: Штетата од невремето во август на земјоделски култури во Прилепско е преку 45 милиона денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?