Фестивал на младо вино по четврти пат се одржа вчера во Кавадарци, на отворено во дворот на Винскиот музеј. Организатор беше Здружението за негување и развој на винската култура, вински туризам и производи од грозје „Винотек”, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-На манифестацијата беа присутни претставници на 19 производители на вино. Некои се индивидуални винари, други претставуваат семејни или големи винарии. Тие ги презентираа своите производи, рече Јован Еленов, претседател на Здружението.
Настанот се реализираше според протоколите за заштита од коронавирус.
MИА
