Од Иницијативниот одбор на незадоволните тутунопроизводители ја потврдија изјавата на министерот Хоџа, за прекин на протестите до петок, додека не се одржи состанокот со откупувачите и не се соочат аргументите.
-Ние не го напаѓаме министерството, тие ни даваат субвенции, се жалиме на откупувачите и затоа бараме помош од Владата. Благодарни сме што не вклучија во преговорите. Се договоривме до петок да нема протести, а на средбата ќе одиме со правен тим кој ја разбираат оваа проблематика и ќе ги видиме што ќе произлезе од преговорите. Ако не најдеме заедничко решение ќе продолжиме со протестите. Не сме хулигани, не сакаме да ја рушиме Владата, само си ја сакаме реалната цена – изјави претставникот на ИО на тутунарите од прилепско.
