Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Изјава на министерот Хоџа: Ако сметате дека има неправилности, барајте второстепена комисија, каде што има проблем ќе одам лично
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Изјава на министерот Хоџа: Ако сметате дека има неправилности, барајте второстепена комисија, каде што има проблем ќе одам лично
Агровести

Изјава на министерот Хоџа: Ако сметате дека има неправилности, барајте второстепена комисија, каде што има проблем ќе одам лично

Објавено 04/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска ги повикав на средба претставниците на Сојузот на тутунарски здруженија и откупувачите на трет заеднички состанок. Претходно одржавме два состанока, пред почеток на откупот и се договоривме дека ќе продолжиме со овие заеднички средби кога ќе започне откупот на тутунот од годинешнава реколта. Сеуште не се отворени сите откупни центри, а поради проблеми со Ковид и временските услови, има слаб ритам откупот. Досега се откупени само 260 тони од вкупната очекувана количина од 23 милиони килограми и многу е рано да се каже која е просечна цена или дека е лош откупот – изјави министерот Хоџа и додаде дека сите се согласуваат дека оваа реколта е послаба од ланската, по квалитет но има големи забелешки од страна на тутунопроизводителите за нереална проценка на класите.

-Ги охрабрувам сите производители ако сметаат дека се прави неправда да побараат второстепена комисија или да го блокираат откупниот пункт. Им ветив на земјоделците, им се понудив и лично да додјам и да присуствувам на проценката на тутунот – рече Хоџа.

Министерот Хоџа изјави и дека се размислува за можноста, заедно со секторот кој е задолжен за следење на ова производство, да се укине 4 класа, која лично за него е нелогично да ја има. Но за тоа најави анализи и разговори со сите чинители во овој сектор и науката, правниот аспект, за да може да се дојде до тоа решение.

-За мене е нелогично постоењето на 4 класа и се надевам дека ќе успееме да ја тргнеме и на тој начин автоматски ќе се зголеми и просечната цена. Инаку цените се истакнати, досега има некоја просечна цена од 163 денари, но повторувам на само 260 тони откупени наспроти 23 000 тони колку тежи годинешниот род кој целосно ќе биде откупен од страна на откупувачите – изјави Хоџа и побара за трпение, како од земјоделците така и од јавноста бидејќи реално откупот целосно не е започнат.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:министероткуп
Претходен напис Започна средбата на тутунопроизводителите и откупувачите во МЗШВ
Следен напис Словенија и Австрија, пример за тоа како треба да се развива селскиот туризам
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?