Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сингапур: Наскоро во продажба пилешко месо произведено во лабораторија?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сингапур: Наскоро во продажба пилешко месо произведено во лабораторија?
АгровестиПазари

Сингапур: Наскоро во продажба пилешко месо произведено во лабораторија?

Објавено 03/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Woman cutting chicken breast on the table
Сподели
Ad imageAd image

Властите во Сингапур одобриле за продажба пилешко месо произведено во лабораторија. Ваквото месо се произведува во стартап компанијата “Eat Just” од Сан Франциско.

Месото е произведено од мускулни клетки на животните, а во почетокот ќе се продава во форма на медалјони (nuggets). Всушност  не станува збор за пилиња одгледани лабораторија туку за парчиња месо направени во лабораторија. Компанијата сеуште  не навела кога точно овој нејзин производ ќе биде достапен на пазарот.

 Ваквото решение за производство на алтернативни месни производи,  доаѓа како резултат на се поголемата загриженост на потрошувачите за здравјето и благосостојбата на животните и заштита на животната средина.

Но дали е навистина така? Некои научници, пишува bbc, сметаат дека ова производство би можело да биде уште полошо за животната средина и за климатските промени од конвенционалното производство на месо.

Освен тоа станува збор за многу скапо производство. Еден пилешки медалјон ќе чини 50 американски долари. Можеби цената за некое време ќе се намали но и понатаму ќе биде скапо, појаснуваат од компанијата.

 Кога станува збор за безбедноста на храната, сингапурската регулаторна агенција за храна соопшти дека, пилешкото од лабораторија е безбедно за консумирање и дека во процесот на производство не се користени антибиотици.  

Извор: Agroklub.rs

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:лабораторијаПилешко месоСингапур
Претходен напис ОН го повлече канабисот од листата на „опасни дроги“ и даде легитимност на лековитите својства
Следен напис На 7.183 сточари им се исплатени 225 милиони денари за произведено и предадено млеко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?