Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Каматните стапки во октомври бележат намалување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Каматните стапки во октомври бележат намалување
Агровести

Каматните стапки во октомври бележат намалување

Објавено 01/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

И во октомври се забележува тренд на намалување на просечната каматна стапка на кредитите која според податоците на Народната банка изнесува 4,68 отсто и има намалување ос 0,02 процентни поени на месечно ниво и 0,37 процентни поени на годишно ниво. Просечната каматна стапка пак на вкупните депозити е задржана на нивото од 0,98 отсто од претходниот месец, додека на годишна основа има пад од 0,30 процентни поени.

Во октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити бележи раст од 0,22 процентни поени на месечно ниво и изнесува 4,21 отсто. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,05 процентни поени. Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити езабележано минимално месечно зголемување од 0,01 процентни поени и изнесува 0,77 отсто. Во однос на октомври минатата година, оваа каматна стапка е намалена за 0,42 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во октомври има месечно намалување од 0,03 процентни поени и изнесува 3,77 отсто.

Во октомври, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи зголемување од 0,22 процентни поени на месечна основа и изнесува 4,04 отсто.

Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е пониска за 0,28 процентни поени во однос на октомври 2019 година. Каматната стапка на новопримените депозити кај овој сектор е намаенаи за 0,07 процентни поени и изнесува 0,67 отсто.

Во однос на претходниот месец каматната стапка на вкупните кредити на
домаќинствата забележа пад од 0,02 процентни поени и изнесува 5,51 отсто.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на изнесува 4,49 отсто и е пониска за 0,02 процентни поени на месечно ниво. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во октомври забележа минимален месечен пад од 0,01 процентни поени и изнесува 0,95 отсто.

Во октомври, просечната каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 0,87 отсто, што претставува месечен раст од 0,09 процентни поени.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:каматанамалувањенародна банка
Претходен напис Услови и начин за одгледување на маслодајна репка
Следен напис Од утре постепено затоплување на времето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?