Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бугарија: Земјоделци земаат милиони евра субвенции за пасишта на кои пасат виртуелни овци?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бугарија: Земјоделци земаат милиони евра субвенции за пасишта на кои пасат виртуелни овци?
АгровестиСточарско производствоСубвенции

Бугарија: Земјоделци земаат милиони евра субвенции за пасишта на кои пасат виртуелни овци?

Објавено 25/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Националната асоцијација за одгледување овци и кози на Бугарија (БНР) објави дека, околу 10,22 милиони евра се потрошени за давање на субвнции за пасишта на кои пасат околу 120 000 виртуелни овци и кози, кои воопшто не постојат на фармите, а се појавуваат во системот на Бугарската агенција за безбедност на храната (БФСА).

Пасишта се делат на штета на локалните земјоделци

Ако сте сточар во Бугарија, но не сте голем сопственик на земјиште и не поседувате полиња, пасишта и ливади, единствената шанса е да добиете пасиште од општинскиот или државниот фонд за земјиште.

 „Општинските службеници гледаат колку животни имате во системот, без физички да ги проверат и врз основа на тоа се делат пасиштата “, ја објаснува методологијата за доделување земјиште Симеон Караколев, претседател на здружението и додава дека квалитетот и бројот на пасишта се распределени според влијанието во одредена општина, иако е оддалечена 50 километри од земјата. Тој вели дека има многу вакви случаи низ целата земја.

„ За локалните сточари  или нема пасишта или им се даваат оние кои се  во лоша состојба “, вели тој, нагласувајќи дека европските пари одат кај големите претприемачи за пасишта што не се користат.

 Тој верува дека оваа практика претставува  шема за најголемата кражба на земјоделски субвенции во Бугарија, последните неколку години.

Казните за кршење на правилата се многу мали?

Неговите пресметки покажуваат дека сопствениците на виртуелни животни за кои им се доделени пасишта добиваат субвенции за директни плаќања, а за еден декар површина (1000 м2) износот може да достигне и над 30 евра.

Караколев дава пример за земјоделец кој поседува над 150.000 декари пасишта во две области и добива субвенции до 2,5 милиони евра годишно. Ненајавената инспекција откри дека тој „поседува“ илјадници животни „на хартија“. Казната за такво дело е административна и се движи  околу 100 до 255 евра.

Земјоделсците се бунат

За да ја променат оваа апсурдна состојба, земјоделците од Бугарија, до Министерството за земјоделство доставија предлози за законски измени. Одгледувачите инсистираат оние што одгледуваат животни во таа општина да имаат приоритет при распределбата на општинските пасишта.

Вториот предлог е да се санкционираат службените лица кои не го почитуваат законот, што Караколев ги нарекува корумпирани лица.

На локално ниво, треба да има транспарентност за видот, бројот и сопствениците на добитокот и, според тоа, треба да се знае кој колку државни пасишта добил.

„Моменталната пракса мора да се запре бидејќи  ги поттикнува луѓето да создаваат  уште повеќе такви измислени животни. Интересно е што тие земаат вистински, а не виртуелни пари“, заклучи тој.

Потсетуваме, дека неодамна во таа земја, истражувачката новинарка, Валија Ахчиева, откри измама за употреба на средства од ЕУ , бидејќи на стотици хектари земјоделско земјиште во селото Дабово биле посеани со соја – но само на хартија.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бугаријавиртуелни животнипасиштасубвенции
Претходен напис За 50 проценти ќе се намалат трошоците за регистрација на возилата со странски таблици
Следен напис Трета годишна конференција за е-трговија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?