Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: Продолжен рокот за аплицирање за грантови за туристички агенции, ресторани за свадба, игротеки и ноќни клубови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: Продолжен рокот за аплицирање за грантови за туристички агенции, ресторани за свадба, игротеки и ноќни клубови
Агровести

Бектеши: Продолжен рокот за аплицирање за грантови за туристички агенции, ресторани за свадба, игротеки и ноќни клубови

Објавено 24/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Донесена е одлука за една недела да се продолжи рокот за аплицирање на јавните повици за грантови за туристичките агенции, игротеките, рестораните за свадби, ноќните клубови, туристичките водичи, како и за повратот на туристичка такса, кои се дел од четвртиот сет актикризни мерки, објави вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

На гостувањето во дебатната емисија „И што сега“ на Националната телевизија, Бектеши рече дека одлуката е донесена со цел да му се излезе во пресрет на туристичкиот сектор и средствата да бидат целосно искористени.

– Бидејќи во текот на минатата недела, откако беа објавени јавните повици за мерките за грантови, утврдивме дека доцнат уверенијата од Управата за јавни приходи, денеска донесовме одлука рокот за аплицирање да го продолжиме за една недела за да може да аплицираат сите кои ги исполнуваат условите. Целта на овие мерки е да бидат искористени од оние за кои се наменети. Затоа испланиравме толку средства, знаеме колку лиценци има за ресторани за свадба, колку пари се исплатени за туристичка такса и колку трустички водичи има и врз  тие податоци ние ги програмиравме средствата за овие мерки. Има доволно пари за сите, рече Бектеши.

Најави дека следната година ќе продолжи и мерката ваучери за домашен туризам за што веќе се обезбедени средства во Предлог-буџетот на Министерството за економија.

Досега, како што рече, искористени се 46 илјади ваучери за домашен туризам и мерката ги дала очекуваните резултати бидејќи според податоците на Државниот завод за статистика има раст на бројот на домашни туристи во август и септември.

– Согласно Уредбата што ја донесе Владата, рокот за искористување на ваучерите за туризам кои ги доделивме во јули истекува на 15 декември, бидејќи овие средства беа предвидени во Буџетот за 2020 година и средствата мора да бидат исплатени до 25 декември. Но, во Предлог – буџетот за 2021 година предвидовме средства за да продолжи мерката за ваучери за поддршка на домашниот туризам, по барање на туристичкиот сектор. Мерката ќе се продолжи, но можеби тоа нема да биде во јануари, би можело да биде веќе во вториот квартал, односно во април. Но, во Буџетот на Министерството за економија се предвидени средства за оваа мерка и за следната година, рече Бектеши.

Додаде дека следната година во Предлог-буџетот на Министерството за економија се предвидени 250.000 евра за дигитална промоција на туристичка понуда на земјата со цел повторно да се привлечат странските туристи после пандемијата.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бектешигрантовипродолжен роктуризам
Претходен напис Сесија на НКЕУ-МК на тема „Пазарот на земјоделски производи во услови на КОВИД-19 пандемијата“
Следен напис „МИКРОЕКО“ решение за макропроблемите во земјоделството и животната средина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?