Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „МИКРОЕКО“ решение за макропроблемите во земјоделството и животната средина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „МИКРОЕКО“ решение за макропроблемите во земјоделството и животната средина
Агровести

„МИКРОЕКО“ решение за макропроблемите во земјоделството и животната средина

Објавено 24/11/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Линданот е органохлорен пестицид кој од страна на IARC (International Agency for Research on Cancer), во јуни 2015 год. е класифициран како канцерогена супстанца од категорија 1. Во 2009 година линданот и два од неговите изомери беа вклучени во Стокхолмската конвенција за неразградливи органски загадувачи (POPs), со цел да се постигне глобална елиминација на овие супстанции.

Според податоците на POPs канцеларијата при МЖСПП, во 1999 г., потрошувачката на пестициди во земјоделството била 462 t годишно. Но, тогаш не биле забранети за употреба дел од пестицидите кои во моментов се на листата на Стокхолмската Конвенција. Со оглед на количините на пестициди кои се користеле во минатото, од 1950-1999 г., а особено во седумдесетите години на минатот век, а имајќи ја предвид нивната перзистентност, се очекува дека голем процент од површините на почвите има одредено загадување со овие супстанции.

Заштитата на животната средина е императив на работењето на „Фармахем“ ДООЕЛ. Работејќи во таа насока, со поддршка од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, во моментов го реализираат пилот проектот „МИКРОЕКО“ – иновативна технологија со примена на аеробни микроорганизми до помалку пестициди во почвите.

Во рамки на проектот паралелно се развиваат иновативен производ и услуга, од кои најголем бенефит ќе имаат земјоделците кои поседуваат земјоделски обработливи површини, а особено регистрираните произведувачи на органска храна во С. Македонија. Тие ќе најдат примена и во заштитата на животната средина на секое место каде има информации дека во минатото прекумерно се користеле органохлорни пестициди. Во трудот на авторот Капац од 1975 год. има податоци дека дури и во високите планински пасишта од источна, јужна и западна Македонија се користеле пестициди од кои линданот бил застапен со 21%.

Производот за биоремедијација на загадени почви со прочистување на линданот и други пестициди, кој во моментов е во фаза на развој, ќе биде патентиран кон крај на 2021 г. Со него ќе се третираат пониските концентрации, со потполно природен препарат изработен од аеробни гранулирани автохтони микроорганизми, екстрахирани од самата почва која се третира. Производот ќе биде изработен со zero discharge технологија која нема да ја загадува животната средина. Предноста е што е еколошки прифатлив tailor made производ, значително поефтин во однос на познатите физичко-хемиски технологии за ремедијација на почвата, но  и безбеден за аплицирање на обработливите површини. Во моментов, првичните лабораториски испитувања покажаа ветувачки резултати и физиолошка предност на изолатите од нативни микроорганизми во споредба со комерцијално достапните производи на пазарот.

Вториот дел е услуга на Фармахем Лабораторија за животна средина, акредитираната лабораторија според ISO 17025, која ќе помогне во следење на концентрациите на пестициди при аплицирање на производот, што е предмет на научноистражувачката работа во проектот „МИКРОЕКО“. Со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој, се набави соодветна опрема и Фармахем Лабораторија за животна средина стана единствена лабораторија во С. Македонија со акредитирани методи за земање и анализа на пестицидот линдан и неговите изомери во почва. Досега, сите вакви анализи на почва се правени во акредитирани лаборатории надвор од нашата држава.

Со реализациja на проектот „МИКРОЕКО“ на „Фармахем“ ДООЕЛ, ќе се придонесе за решавање на горливиот проблем со загадувањето на почвите, а со тоа индиректно и подземните и површински води, воздухот, како и земјоделските производи кои директно влијаат врз здравјето на луѓето. Резултатите на овој проект индиректно ќе доведат и до подигање на јавната свест за состојбата со животната средина.

*Комерцијална објава

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:аеробнииновативна технологијаМикроекомикроорганизмиФармахемФИТР
Претходен напис Бектеши: Продолжен рокот за аплицирање за грантови за туристички агенции, ресторани за свадба, игротеки и ноќни клубови
Следен напис Да се работи на нива не е срамота, важно е да се промени свеста кај луѓето!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?