При посетата на ресенскиот регион се уверив директно од терен, дека откупот на јаболката тече непречено, пишува на ФБ министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Арјанит Хоџа.

Јаболкопроизводителите се задоволни од реколтата и од откупната цена. Преспанските сорти на јаболка се со висок квалитет и се барани на странските пазари. Складирањето во ладилници, придонесува за долготрајно зачувување на нивниот квалитет.

Во ресенскиот регион, посетив пет современи откупно дистрибутивни центри: Витарес, Деалтаск, Нектар Трејд, Епл Ленд и Суна Стар. Некој од нив се корисници на средства од ИПАРД програмата. Секаде владее задоволство од остварените годинешни резултати. На сите им посакувам уште поуспешна реколта следната година.

Фејсбук статус на Арјанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
