На почетокот на ноември, министерката за земјоделство на Бугарија Десислава Танева објави дека Европа им доделува дополнителни 200 милиони евра за буџетот на Програмата за рурален развој (РДП) за наредниот двегодишниот преоден рок. Овие средства ќе бидат обезбедени од инструментот КОВИД-19, наменет за намалување на последиците од кризата, кој е дел од планот на за спас на следните генерации.
Европскиот парламент и Советот постигнаа прелиминарен договор за овој пакет на 10 ноември, но се чека неговото официјално усвојување. Средствата треба да бидат достапни во 2021 и 2022 година, а не како што беше предвидено во прелиминарниот план за 2022-2024.
Инвестициите кои ќе бидат направени на фармите ќе придонесат за одржливо и брзо закрепнување на земјоделството.
Уделот на средствата кои ќе бидат обезбедени за еколошки исправни практики не треба да биде помал од процентот на пакетот РДП што во моментов се исплаќа за оваа намена.
ЕУ, во Бугарија ќе финансира и 100% од дополнителните средства предвидени со планот за спасување. Земјите-членки на ЕУ не мора да учествуваат со дополнителни средства од нивните национални буџети за овој план.
Инвестициите направени од страна на земјоделците и преработувачите на храна ќе бидат поддржани со 75% од направените трошоци.
Преговорите за правилата на ЗЗП во 2021 и 2022 година треба да бидат финализирани за да можат овие средстава да бидат одобрени до крајот на годината. Инструментот за обновување на ЕУ мора да биде договорен од Советот и МФФ и во моментов се преговара за пакетот од сопствени ресурси, објасни Министерството за земјоделство на Бугарија во својот последен извештај.
Извор Агри.бг
